Новости

 

Манчевски избран за претседател на жирито на Белградски Фест, Бикини Мун со американска премиера на Синеквест и прикажување на Софија Филм Фест

                                                          

Македонскиот режисер, сценарист, фотограф и уметник Милчо Манчевски кој живее и работи во Њујорк е избран за претседател на жири-комисијата во главната програма на 46. Меѓународен филмски фестивал ФЕСТ во Белрад кој ќе се одржи од 23 февруари до 3 март оваа година.

Повеќе, ОВДЕ.

 

-----

Врз основа на член 25 став 1 од Законот за филмската дејност („Службен весник на РМ“’ бр.82/13, 18/14, 44/14, 129/15, 152/15, 39/16, 58/16 и 11/18), Правилникот за поблиски критериуми и мерила за оцена на критериумите за финансирање на филмски проекти од националенен интерес во филмската дејност („Службен . весник на РМ“бр.97/14), Агенцијата за филм на Република Македонија објавува:


КОНКУРС ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ДОЛГОМЕТРАЖЕН И КРАТКОМЕТРАЖЕН ИГРАН, ДОКУМЕНТАРЕН И АНИМИРАН ФИЛМ ЗА 2018 ГОДИНА


I. Општи информации
Конкурсот се распишува за производство на:
-    долгометражен (игран, документарен и анимиран) филм и
-    краткометражен (игран, документарен и анимиран) филм
Конкурсот е отворен во текот на целата година, а одлучувањето по доставените филмски проекти е двапати годишно и тоа: во Април и во Октомври.

Крајниот рок за доставување на пријави е:

-  За првиот рок најдоцна до 12.03.2018г. (понеделник)
-  За вториот рок најдоцна до 15.08.2018г. (среда)

Филмот во зависност од креативното и финансиското учеството на Република Македонија може да биде:
-    Домашен филм, односно национален филм и мнозинска копродукција и
-    Ко-продукциски филм со малцински финансиски удел на Република Македонија (малцински ко-продукции)

Повеќе, ОВДЕ

-----

 

Филмот „Исцелител“ добитник на награда за најдобар филм на престижниот филмски фестивал Санта Барбара во Калифорнија

Филмот „Исцелител“ на режисерот Ѓорче Ставрески е добитник на награда за најдобар филм на престижниот филмски фестивал во Санта Барбара, Калифорнија во Соединетите Американски Држави.

Повеќе, ОВДЕ.

 

„Разговор за животот“ на San Mauro Torinese International Film Festival, во Торино, Италија

Краткиот игран филм „Разговор за животот“ е селектиран на San Mauro Torinese International Film Festival, во Торино, Италија.

Повеќе, ОВДЕ.

 

Македонскиот филм „Исцелител“ селектиран на престижниот филмски фестивал Санта Барбара во Калифорнија

Филмот „Исцелител“ на режисерот Ѓорче Ставрески ќе ја има својата премиера во Соединетите Американски Држави на престижниот филмски фестивал во Санта Барбара, Калифорнија.

Повеќе, ОВДЕ.

-----

 

Прифатени проекти по Конкурс за финансирање на проекти за производство на долгометражен и краткометражен игран, за документарен и анимиран филм за 2017 година

Агенцијата за филм на Република Македонија, во име на транспарентно известување на јавноста во врска со резултатите од конкурсот за поддршка на филмски проекти, го објавува следново известување:
На Конкурсот објавен на ден 22.11.2017 година, пристигнаа вкупно 73 филмски проекти, меѓу кои 48 долгометражни и 25 краткометражни филмови. При процесот на административна селекција е констатирано дека 12 проекти по различни основи не ги исполнуваат условите за да влезат во процесот на евалуација.
Останатите проекти се евалуирани низ процесот пропишан со Правилникот  за поблиските критериуми и мерила за оцена на критериумите за финансирање на филмски проекти од национален интерес во филмската дејност (Сл.весник на РМ, бр.97 од 26.06.2014г.) и врз основа на бодувањето односно освојувањето на минимумот пред професионалните рецензенти не поминаа 26 апликации, вклучувајќи долгометражни и краткометражни играни, документарни и анимирани филмови.
Останатите го поминаа целиот процес на проценка, и од нив со крајна Одлука од Управниот Одбор се одобрени и ќе ја добијат поддршката од Агенцијата 3 долгометражни играни филмови, 5 долгометражни копродукциски проекти со македонски малцински удел, 2 документарни долгометражни филмови, 5 краткометражни играни филмови, и 1 краткометражен документарен и 1 краткометражен  анимиран филм.

Листата со поддржани филмски проекти можете да ја најдете, ОВДЕ

-----

 

КОНКУРС ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ОД НАЦИОНАЛЕН ИНТЕРЕС ВО ФИЛМСКАТА ДЕЈНОСТ


I ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
Конкурсот се распишува за финансирање на проекти за:

I.1. организирање на домашни фестивали и други филмски манифестации  од меѓународен карактер во 2018 година и
I.2. поддршка на производство на други аудиовизуелни дела- (играна серија и документарна серија) во 2018 година.
I.3. други проекти од национален интерес во филмската дејност и тоа:

-Едукативни програми и програми за развој и унапредување на филмската култура и кинематографија
-Поддршка за членство на Република Македонија во меѓународни филмски организации
 
Повеќе, ОВДЕ

-----

 

Види ја ти неа – Најдобар интернационален краток филм на Санденс

На 34. Филмски Фестивал Санденс, најголемиот американски фестивал на независен филм, „Види ја ти неа“ во режија на Горан Столевски во програмата Краток филм ја освои наградата Најдобар интернационален игран филм, најзначајната во оваа категорија во која се натпреаваруваа 17 наслови од целиот свет.

Повеќе, ОВДЕ.

 

Франција се приклучи на копродукциската листа за најновиот филм на Теона Стругар Митевска “Господ постои, нејзиното име е Петрунија” чие снимање започна минатата недела

Минатата недела филмот “Господ постои, нејзиното име е Петрунија” беше поддржан и од престижниот француски фонд Aide aux cinémas du monde, на националната агенција за филм Centre national du cinéma et de l'image animée (CNC).

Повеќе, ОВДЕ.

 

Cледни рокови за аплицирање на фондови, фестивали, форуми и работилници

Информации за следни рокови за аплицирање на фондови, фестивали, форуми и работилници.

Повеќе, ОВДЕ.

 

Дали сакате европски филмови?

Второто издание на наградната игра #euFilmContest за љубителите на европскиот филм и телевизија започнува на 23-ти јануари.

Повеќе, ОВДЕ.

 

Отворен повик за Other Movie Lugano Film Festival 2018

Од 15ти до 21ви април 2018та година ќе се одржи новото издание на Филмскиот фестивал Other Movie Lugano Film Festival со проекции во голем број на кино сали и културни локации во областите Лугано и Мендризо.

Повеќе, ОВДЕ.

 

Агенцијата за филм на When East Meets West во Трст

Од 21ви до 23ти јануари 2018та година ќе се одржи новото издание на WHEN EAST MEETS WEST, настан кој ќе собера повеќе од 400 продуценти, финансиери, донесувачи на одлуки и филмски професионалци од повеќе од 30 земји.

Повеќе, ОВДЕ.

 

Македонскиот филм „Исцелител“ селектиран на најголемиот филмски фестивал во Норвешка – Тромсо

Филмот „Исцелител“ на режисерот Ѓорче Ставрески ќе ја има својата норвешка премиера на најголемиот интернационален филмски фестивал во земјата – Тромсо.

Повеќе, ОВДЕ.

 

Отворен е повикот за ко-продукцискиот маркет CineLink во Сараево

Сараевскиот Филмски Фестивал го објави првиот повик за аплицирање за копродукцискиот маркет CineLink 2018 година. Крајниот рок за поднесување на проектите е 10 февруари 2018 година.

Повеќе, ОВДЕ.

 

Отворен е повикот за BDC Discoveries 2018

Отворен е повикот на BDC Discoveries 2018 за документарни филмаџии и филмски проекти, кои доаѓаат од Балканот или обработуваат теми поврзани со Балканот и би сакале да соработуваат со овој регион. Краен рок за аплицирање е 5 март 2018 година.

Повеќе, ОВДЕ.

 

„Бикини мун“ на Манчевски ја освои бразилската критика

Новиот филм на Милчо Манчевски „Бикини мун“, сниман во Њујорк како американска продукција, ја имаше светската премиера на фестивалот во Сао Пауло, Бразил.

Повеќе, ОВДЕ.

 

Отворен е повикот за First Films First 2018

Ве известуваме дека е отворен повикот за пријавување на програмата First Films First на Гете Институтот. Рокот за пријавување е 1ви март 2018та година.

Повеќе, ОВДЕ.

 

„Исцелител“на HBO каналот Cinemax 2 за Нова година

Филмот „Исцелител“ на режисерот Ѓорче Ставрески премиерно се емитуваше во ударен термин на новогодишната ноќ на престижниот филмски канал Cinemax 2 од семејството на HBO канали, како прв македонски филм кој е дел од понудата на видео стриминг услугата HBO GO.

Повеќе, ОВДЕ.

 

Отворен е повикoт за апликација на проекти „FEST Forward - Жени во филм“

Филмскиот Центар на Србија и Европската аудиовизуелна мрежа на жени, ги повикуваат продуцентите да ги поднесат своите проекти на меѓународниот пичинг форум „Жени во филм“, кој ќе се одржи од 1 до 3 март 2018 година, како дел од копродукцискиот маркет FEST FORWARD на претстојниот 46-ти ФЕСТ во Белград, Србија.

Повеќе, ОВДЕ.

 

ЈАВНА ОБЈАВА Врз основа на член 11 став 2 алинеја 4 од Законот за филмската дејност („Службен весник на РМ“ бр.82/13, 18/14, 44/14, 129/15 и 152/15), Агенцијата за филм на Република Македонија стекнува средства и од надоместоци на правни лица утврдени со член 12 од Законот за филмската дејност.
Подетално, ОВДЕ

 

Известување за оние кои сеуште немаат постапено согласно Законот за филмската дејност(„Службен весник на РМ“ бр. 82/13, 18/14 и 44/14)

Согласно член 40 од Законот за филмската дејност правните лица кои вршат филмска дејност се должни до Агенцијата да ги доставуваат податоците за долу наведените евиденции кои се составен дел на единствената евиденција која ја води Агенцијата и тоа за:
- Евиденција за филмските продуценти, за дистрибутерите на филмови и за киноприкажувачите во Република Македонија
- Евиденција за филмови снимени со средства од Буџетот на Република Македонија
- Евиденција за филмови снимени во Република Македонија
- Евиденција за филмови дистрибуирани во Република Македонија
- Евиденција за филмови што се прикажани во кината во Република Македонија

Подетално, ОВДЕ

 

ОБЈАВА
ПОТТИКНУВАЊЕ НА ВЛОЖУВАЊА СРЕДСТВА ВО ФИЛМСКИ, ОДНОСНО ТЕЛЕВИЗИСКИ ПРОЕКТ

Агенцијата за филм на Република Македонија согласно Законот за филмската дејност (Службен весник на РМ бр.82/2013, 18/2014 и бр.44/2014) почнувајќи од оваа година ќе ги поттикнува вложувањата на средства во филмски, односно телевизиски проекти со примена на мерката ПРАВО НА ПОВРАТ НА ВЛОЖЕНИТЕ СРЕДСТВА.


Подетално, ОВДЕ