За Нас

Агенцијата за филм на Република Македонија  е основана со Законот за филмската дејност (сл. Весник бр.82/2013). Своето работење го почнува на 01.01.2014 година како правен наследник на Филмскиот Фонд на Република Македонија. 
Основната цел на Агенцијата за филм на Република Македонија е развој и унаредување на  филмската дејност во Република Македонија. Преку континуираната поддршка на производството на  филмови од национален интерес во филмската дејност, поддржување на реализација на меѓународни филмски копродукции, грижата за унапредување на стручните кадри, поттикнување на развој на домашни сценарија, промоцијата на домашното филмско творештво на врвни меѓународни фестивали и настани, како и промоција на Македонија како земја која располага со поволни услови за привлекување на странски продукциски компании за снимање на филмови,  Агенцијата го трасира патот до остварувањето на својата цел.
Средствата за работа на Агенцијата за филм на Република Македонија се обезбедуваат од Буџетот на Република Македонија и од други извори утврдени со Законот за филмската дејност.

  • ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ОД НАЦИОНАЛЕН ИНТЕРЕС ВО ФИЛМСКАТА ДЕЈНОСТ

За финансирање на проекти за производство на долгометражен или краткометражен игран филм, за документарен филм и за анимиран филм, Aгенцијата за филм, еднаш годишно, во јануари, објавува конкурс, кој трае во текот на целата година. По  доставените филмски проекти кои се јавиле на конкурсот се одлучува двапати годишно во април и октомври. 
За финансирање на проекти кои се од национален интерес во филмската дејност, агенцијата за филм во текот нс годината објавува конкурс за финансирање на проекти за поддршка на пишување на сценарија и конкурс за финансирање на проекти за организаирање на домашни фестивали и други филмски манифестации од меѓународен карактер.
За вршење на стручни работи од надлежност на агенцијата како и за превземање на мерки за унапредување на филмската дејност формиран е Филмски совет, додека за евалуацијата на филмските проекти кои аплицираат на конкурсот објавен од страна на Агенцијата за филм именувани се Филмски рецезенти. За оценка на оперативните планови и буџетот на филмските проекти кои аплицираат на конкурсот објавен од страна на Агенцијата за филм именуван е Финансиски советник.

  • ЕВИДЕНЦИЈА, КАТЕГОРИЗАЦИЈА И ДИСТРИБУЦИЈА НА ФИЛМОВИ

Агенцијата за филм води евиденција за филмските продуценти, за дистрибутерите на филмови и за киноприкажувачите во Република Македонија, евиденција за филмови снимени со средства од Буџетот на Република Македонија, евиденција за филмови што се снимени во Република Македонија, евиденција на филмови дистрибуирани во кината во Република Македонија и евиденција за филмови што се прикажани во кината на Република Македонија.
Заради заштита на малолетните лица во Република Македонија од филмови кои можат да наштетат на нивниот морален, физички или психички развој, филмовите што се дистрибуираат во Република Македонија за киноприкажување, односно за друга форма на јавно прикажување, задолжително се категоризиираат, соодветно на содржината на филмот.

  • ПОТТИКНУВАЊЕ НА ВЛОЖУВАЊЕ СРЕДЕСТВА ВО ФИЛМСКИ ОДНОСНО ТЕЛЕВИЗИСКИ ПРОЕКТ

Со предвидување на правото на поврат на средства во Законот за филмска дејност, Агенцијата за филм го поттикнува вложувањето на средства во филмската дејност во Република Македонија. Со право на поврат на вложените средства може да се стекне секој филмски продуцент кој во Република Македонија вложил средства за реализација на игран или документарен или анимиран филм или ТВ филм или ТВ серија. Повратот на средства се врши по завршувањето на реализацијата на филмскиот, односно телевизискиот проект во Република Македонија. За исполнување на условите за остварување на правото на поврат на средства одлучува Комисијата за право на поврат на средства, чии претседстел и членови се именувани од Владата на Република Македонија