ДЕН 3 (26.06.2015) ПЛЕНАРНА СЕСИЈА: Продуцентите и публиката

 

1.ПЛЕНАРНА СЕСИЈА: Продуцентите и публиката

На пленарната сесија Сара Калдерон пред присутните ги презентираше алатките за стратешко планирање и успешна маркетинг стратегија за филмските проекти. Таа се осврна на клучните механизими за успешно промовирање на секој филм, со цел да привлече што повеќе публика. Преку презентација на едноставната структура за градење на маркетинг стратегија која се базира врз четири клучни аспекти: Продукт, Промоција, Локација и Цена, продуцентите дознаа како да развијат маркетиншки план за своите проекти преку избирање на таргет група.

Сара Калдерон има долгогодишно искуство од областа на маркетингот (има дипломирано маркетинг на Универзитетот во Богота и магистрирано мултикултурна комуникација на Сорбона). Повеќе од десет години работи во аудиовизуелниот сектор како менаџер и промотер на фестивалот Toma5inco – Богота, раководител  e на меѓународна продажба - Coproduction Office – Париз, и координатор на дистрибуција на Karma Films – Мадрид. Работи како маркетинг тутор и  консултант за EAVE,  Media Programme и неколку Media Desks.  Основач е на новоформираната маркетинг компанија специјализирана за филмската индустрија -The Film Agency.