ДЕН 4 - ПЛЕНАРНА СЕСИЈА: Класични наспроти алтернативни начини на дистрибуција

 


1. ПЛЕНАРНА СЕСИЈА: Класичен наспроти алтернативен начин на дистрибуција

Во текот на сесијата, експертот Сара Калдерон се осврна на видовите на дистрибуција, односно класичниот наспроти алтернативниот модел.  Во однос на класичната дистрибуција  даде краток осврт на трите елементи на кои се заснова овој вид на дистрибуција, а тоа се ексклузивното право, територијалното право и времетрањето на правата за дисрибуција, го посочи начинот на „мапирање‘‘ на дистрибутерите и селс агентите во зависност од содржината на филмот и компанија која продуцентот ја бара како свој селс агент или дисрибутер, основните елементи на меѓународните и домашните договорни услови за дистрибуција и продажба на филмовите како и позитивните и негативните страни на класичната дистрибуција. Во делот на алтернативниот модел говореше за on-line платформите, појавата и значењето на новите платформи на дистрибуција надвор од класичната дистрибуција како што се глобалните, националните меинстрим, национални арт и герила платформи. Говореше и за почетокот на примената и придобивките од VOD платформите, како и за  значењето на новите технологии кои не дозволуваат алтернативната дистрибуција да се заснова само на една платформа.