ДЕН 5 - ПЛЕНАРНА СЕСИЈА: Извори на финансирање

 

1.ПЛЕНАРНА СЕСИЈА: Извори на финансирање

Во текот на редовната програма со почеток од 12:00 часот астралиската продуцентка и консултант Linda Beath одржа пленарна сесија на која говореше за начините на кои може еден филм да оствари приходи, како и за можните прозорци за заработка на филмовите, односно заработка од прикажување на фимовите во  кината, прикажување во домашна атмосфера (ДВД, Блу Реј и сл.), телевизиско прикажување и прикажување преку интернет и VoD платформите. Во текот на својата презентација Linda Beath говореше и за повеќето можни начини на дефинирање на математички формули за пресметка на можната заработка на продуцентот, при склучување на договори за дистрибуција и меѓународна продажба.  Покрај останатото присутните продуценти на оваа сесија имаа можност преку конкретни примери со бројки да дознаат како да постапат при  преговарарање  со финансиерите, дистрибутерите и селс агентите во однос на распределбата на приходите од филмот.

Linda Beath е австралиски продуцент и консултант. Пред 20 години таа ја има основано компанијата  Ideal Filmworks во Канада со цел прибирање средства за развој и продукција на висококвалитетни меѓународни копродукциски проекти и телевизиски програми.  Годишно учествува во реализацијата на 5 до 10 проекти (долгометражни, документарни, анимирани и телевизиски проекти). Работи како експерт и консултант обучувајќи продуценти и практиканти во Европа за начините на финансирање на проекти и стратешко планирање (Cannes’ Producers Network, EAVE).