Македонски Филмови Фестивали Фестивали во Македонија Фестивали на Македонски Филм Интернационални Фестивали Категоризација на Филмски Фестивали Учество на македонски филмови на интернационални филмски фестивали Финансирање Конкурси Филмски проекти финансирани од страна на Агенцијата за филм Поттикнување на вложувања средства во филмски, односно телевизиски проект Брошура Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2015 - 2016) Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2014 -2015) Проекти реализирани во соработка со Агенцијата за филм EAVE Producers Workshop 2015 Џифони Македонија Џифони патува Европски филмски ден за млада публика Меѓународна соработка Членство во меѓународни организации Контакти од Продуцентски куќи Филмографии на Македонски Режисери Правна регулатива Јавни Набавки Корисни линкови Трејлери од Македонски филмови Каталози на Македонски филмови

 

Втората работилница на ЕАВЕ ќе се одржи во градот Скопје во период од 24 јуни до 1 јули оваа година.

ЕАВЕ (Европски Аудиовизуелни претприемачи) е водечка организација и мрежа за професионален развој на продуценти од Европа. Оваа организација е наменета за продуценти кои работат на долгометражни играни и документарни проекти од  филмската и телевизиската индустрија,  чија цел е работа на европско ниво, преку зголемување на нивните знаења за продуцирање и копродуцирање во Европа со градење на пан-Европска професионална мрежа. Секоја година педесет учесници се избраат од повеќе земји од ЕУ и пошироко и земаат свое учество во трите работилници кои се одвиваат во три различни земји со времетраење по една недела во секоја земја.

Како функционира EAVE PRODUCERS WORKSHOP?

Поголем број од учесниците кои ја посетуваат оваа работилница учествуваат со проекти, додека помал број на учесници можат да бидат дел од истата без притоа да имаат проект на коj се работи во текот на трите недели.  Оваа работилница преставува одличен начин за развој на проектите преку интензивен фокус на истите од  страна на експертите и нивните колеги во текот на годината. Повеќето продуценти кои присуствуваат со проекти учествуваат и со својот сценарист првите две недели. Ова им овозможува да присуствуваат на индивидуалните сесии со експертите за развој на сценарио, кои им даваат свое мислење и насоки за развој на сценариото на филмскиот проект.

Во текот на првите две работилници, учесниците работат во групи предводени од искусни продуценти (groups leader) и со неколку експерти кои даваат анализа на сценариото, развојот на проектот, неговото финансирање, правни аспекти на ко-продуцирањето, маркетинг, презентација, пакување на проектот и многу повеќе. Во третата работилница 50-60 експерти т.н Decision Makers (преставници од европските национални и регионални фондови, агенти за продажба итн.) се приклучуваат во процесот и со учесниците разговараат за нивните проекти, продукциски компании и нивната кариера. Овој процес освен едукација и развој на знаењето во доменот на производството на филмови вооедно нуди и необичен пристап до најзначајните филмски професионалци од Европа.

Учесниците на ЕАВЕ имаат голема придобивка од партнерствата кои ги има воспоставено оваа организација со филмски фестивали и филмски маркети и оние кои ја поминуваат оваа уникатна обука се приклучуваат на мрежата на активни европски продуценти кои преставуваат еден столб на филмската индустрија.
Повеќе детали за организацијата и настанот, ОВДЕ

 

Агенцијата за филм на РМ и EAVE ја најавуваат EAVE Producers Workshop во Скопје

Дневен распоред