EAVE@Skopje - Работилница наменета за локални продуценти

Недела (28.06.2015)

Во склоп на EAVE Producers Workshop 2015 во сабота (28.06.2015) започна дводневната програма EAVE@Skopje наменета за развој на четири филмски проекти поддржани од страна на Агенцијата за филм на Република Македонија. Во текот на двата дена продуцентите и сценаристите/режисерите на филмските проекти: „Слобода или смрт‘‘; „Шеќерното дете‘‘; „Дедо и внук’’ и „Проект Хепинес‘‘ ќе работат на развој на сценаријата на проектите заедно со врвни експерти од ЕАВЕ. Развојот на проектите согласно програмата опфаќа работа во група во која секој од учесниците го презентира својот проект (пичинг) пред присутните, но и остварува инвидуални состаноци со екпертите.

 

Понеделник (29.06.2015)

1.ПЛЕНАРНА СЕСИЈА:Продажба и меѓународен пазар

Во склоп на програмата намената за локалните продуценти EAVE@Skopje, Didar Domehri (сопственик на Maneki Films) ја предводеше пленарната сесија на тема: Продажба и меѓунарорен пазар.На пленарната сесија на која присуствуваа македонските филмски продуценти,  Didar Domehri говореше за важите елементи кои треба да ги содржи секој договор помеѓу продуцентот и агентот за продажба, на што треба да обрне внимание продуцентот при избор на агент за продажба, фазите на проектот во кои е најдобро продуцентот да побара агент за продажба, видови на права кои продуцентот може да му ги отстапи на агентот за продажба и дистрибутерот и др. Присутните продуценти имаа можност да дознаат повќе за начините на кои можат да одберат агеннти за продажба, преку присуство на филмски фестивали, копродукциски маркети и други настани од овој тип, како и како да развијат маркетиншка, фестивалска и продажбена стратегија.

Didar Domehri има работено како менаџер на меѓународна продажба во FILMS DISTRIBUTION во период од 2001 до 2009година. Во 2009 година ја основа продуцентската куќа Maneki Films и учествува како продуцент и копродуцент во реализацијата на голем број француски и меѓународни  филмски остварувања како "Return to Ithaka"; "7 Days in Havana"; "11 Flowers"; "Elefante Blanco"  и многу други.