Call for Funding - Film Festivals and Other Events

Конкурс за финансирање на проекти од национален интерес во филмската дејност

Врз основа на член 25 став 2 од Законот за филмската дејност („Сл. Весник на РМ“бр. 82/13, 18/14, 44/14, 129/15, 152/15 и 39/16), Агенцијата за филм на Република Македонија објавува

КОНКУРС ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ОД НАЦИОНАЛЕН ИНТЕРЕС ВО ФИЛМСКАТА ДЕЈНОСТ

I Општи информации

Конкурсот се распишува за финансирање на проекти за:
-организирање на домашни фестивали и други филмски манифестации од меѓународен карактер  во 2017 година

II Краен рок за прием на пријавите по конкурс:  30.01.2017 година

Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени во рок од 30 дена од денот на затвoрање на конкурсот, и ќе се објават на веб страната на Агенцијата за филм на Република Македонија www.filmagency.gov.mk.
Проектите прифатени на конкурсот по добивање на одлуката, со директорот на Агенцијата за филм склучуваат Договор за финансирање на  проекти од национален интерес во филмската дејност.

III Документација која се доставува на конкурс

Пријавувањето на проектите се врши со доставување на пополнета Пријава во прилог со задолжителната документација наведена во самата Пријава. Пријавата на проекти од национален интерес во филмската дејност е составен дел од Конкурсот и е објавена на веб-локацијата на Агенцијата за филм. Пријавата треба да се превземе од веб-локацијата на Агенцијата за филм (www.filmagency.gov.mк), да се пополни, на македонски јазик, електронски со впишување на податоци на означеното место и да се верификува. 

За секој проект се пополнува соодветна и одделна Пријава.

Со доставата на Пријавата и задолжителната документација која е содржана за секој проект одделно во самата Пријава, подностителот има право да поднесе и други документи/материјали потребни за до објаснување на проектот, за кои тој цени дека е потребно да ги достави. Документите/материјалите доставени во Пријавата не се враќаат.

На конкурсот нема да бидат разгледувани пријави кои:

-не се поднесени во рокот за пријавување на овој Конкурс, 
-се со нецелосни и неточни податоци и
-се со нецелосно доставена задолжителна документација која точно е опишана во самиот образец на Пријавата.

IV Начин на користење на средства

Правните лица чиј проект е избран на конкурсот, односно корисниците на доделените средства се должни средствата да ги трошат наменски и законски согласно позитивните прописи во Република Македонија и одредбите пропишани во договорот кој ќе го склучат со Агенцијата за филм.

По реализација на проектите корисниците се обврзани да достават извештај за потрошените средства со прилог документација за направени трошоци (договори, фактури, фискални сметки и сл.) и докази за направени трошоци (изводи од банка).

За квалификувани трошоци не се сметаат трошоците направени за:

-Купување на движни и недвижни ствари и други предмети кои ќе останат во трајна сопственост на продуцентот, а кои се купени со средствата доделени од Агенцијата за филм

V Начин на доставување на Пријавите

Пријавата и документацијата по конкурс треба да се достават до Агенцијата за филм на Република Македонија преку пошта на адреса: ул. „8 Март“бр.4 или до Архивата на Агенцијата за филм на Република Македонија во затворен плик со назнака “Пријава на конкурс за финансирање на проекти од национален интерес во филмската дејност’’ најдоцна до 16:00 часот на 30.01.2017 год,.

Пријавата и задолжителната документација задолжително се доставуваат и во електронска форма на е-маил адресата: info@filmagency.gov.mk

VI Дополнителни информации

Дополнителни информации во врска со Конкурсот може да се добијат во Секторот за филмска дејност и меѓународна соработка на телефонскот број 02/3224-100 или на емаил contact@filmagency.gov.mk

Пријавата можете да ја превземете на следниов линк