Агенцијата за филм на Република Македонија врз основа на член 25 став 2 од Законот за филмската дејност („Службен Весник на РМ’’ бр.82/13, 18/14, 44/14, 129/15, 152/15 и 36/16) објавува:

 

КОНКУРС ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ОД НАЦИОНАЛЕН ИНТЕРЕС

ВО ФИЛМСКАТА ДЕЈНОСТ

 

I Општи информации

Конкурсот се распишува за финансирање на проекти за производство на други аудиовизуелни дела- играна серија со малцински финансиски удел од Република Македонија.

 

II Краен рок за прием на пријавите по конкурсите: 29.08.2016 година


Резултатите по конкурсот ќе бидат објавени во рок од најмногу 30 дена од денот на затварање на конкурсот, и ќе се објават на веб страната на Агенцијата за филм на Република Македонија www.filmagency.gov.mk.


Проектите прифатени на конкурсот по добивање на одлуката, со директорот на Агенцијата за филм склучуваат договор за финансирање на  проекти од национален интерес во филмската дејност.


III Документација која се доставува на конкурс 

Пријавувањето на проектите се врши со доставување на пополнета пријава. Пријавата на проекти од национален интерес во филмската дејност е составен дел од Конкурсот и е објавена на веб-локацијата на Агенцијата за филм. Пријавата треба да се преземе од веб-локацијата на Агенцијата за филм (www.filmagency.gov.mк ) да се пополни на македонски јазик електронски со впишување на податоци на означеното место и да се верификува.  

За секој проект се пополнува одделна пријава.

Со пријавата подносителот потребно е да ја достави и задолжителната документација која е содржана во самата пријава како и други документи/материјали потребни за дообјаснување на проектот, за кои подносителот цени дека е потребно да ги достави. Документите/материјалите доставени во Пријавата не се враќаат.

На конкурсот нема да бидат разгледувани пријави кои:


-не се поднесени во рокот за поднесување на барање на овој конкурс, 
-се со нецелосни и неточни податоци и
-се со нецелосно доставена задолжителна документација која точно е опишана во самиот образец на пријавата 

 

IV Начин на користење на средства 

За играна серија со малцински финансиски удел од Република Македонија, најмалку 80% од средствата доделени од Агенцијата мора да се трошат во Република Македонија. 

Правните лица чиј проект е избран на конкурсот, односно корисници на средствата се должни средствата да ги трошат наменски и законски согласно позитивните прописи во Република Македонија и одредбите пропишани во договорот кој ќе го склучат со Агенцијата за филм.

По реализација на проектите корисниците се обврзани да достават извештај за потрошените средства со прилог документација за направени трошоци (договори, фактури, фискални сметки и сл.) и докази за направени трошоци (изводи од банка).

За трошоци не се сметаат трошоците направени за:

-Купување на движни и недвижни ствари и други предмети кои ќе останат во трајна сопственост на продуцентот, а кои се купени со средствата доделени од Агенцијата


V Начин на доставување на барање 

Пријавата и документацијата по конкурс треба да се достават до Агенцијата за филм на Република Македонија преку пошта на адреса: ул. „8 Март“бр.4 или до Архивата на Агенцијата за филм на Република Македонија во затворен плик со назнака “пријава на конкурс за финансирање на проекти од национален интерес во филмската дејност’’ најдоцна до 16:00 часот на 29.08.2016 година.

Пријавата и документацијата воедно задолжително се доставува и во електронска форма на е-маил адресата: info@filmagency.gov.mk


VI Дополнителни информации 

Дополнителни информации во врска со Конкурсот може да се добијат во Секторот за филмска дејност и меѓународна соработка на телефонскот број 02/3224-100 или на емаил contact@filmagency.gov.mk

 

Пријавата во себе содржи општи информации, услови за учество во конкурс, критериуми и мерила за финансирање, задолжителни документи кои треба да бидат доставени за проектот и пријава. Пријавта е објавена на веб страната заедно со конкурсот и  се превзема од веб локацијата на Агенцијата за филм на Република Македонија

 

Пријавата можете да ја превземете на следниов линк