ПРОДОЛЖЕН РОКОТ ЗА ПРИЈАВА ПО КОНКУРС ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ОД НАЦИОНАЛЕН ИНТЕРЕС ВО ФИЛМСКАТА ДЕЈНОСТ

 

 

I Општи информации 


Конкурсот се распишува за финансирање на проекти за производство на други аудиовизуелни дела- играна серија за 2017 година.

 

II Краен рок за прием на пријавите по Конкурсот: 15.11.2016 година


Резултатите по Конкурсот ќе бидат објавени во рок до најмногу 60 дена од денот на затворање на Конкурсот, и ќе се објават на веб страната на Агенцијата за филм на Република Македонија www.filmagency.gov.mk.

Подносителите на проектите прифатени на Конкурсот по добивање на одлуката, со директорот на Агенцијата за филм на Република Македонија склучуваат договор за финансирање на  проекти од национален интерес во филмската дејност.

 

III Документација која се доставува на Конкурс


Пријавувањето на проектите се врши со доставување на пополнета пријава. Пријавата на проекти од национален интерес во филмската дејност е составен дел од Конкурсот и е објавена на веб-локацијата на Агенцијата за филм на Република Македонија. Пријавата треба да се преземе од веб-локацијата на Агенцијата за филм за Република Македонија (www.filmagency.gov.mк ) да се пополни на македонски јазик, електронски со впишување на податоци на означеното место и да се верификува.

За секој проект се пополнува одделна пријава.

Со пријавата подносителот потребно е да ја достави и задолжителната документација која е содржана во самата пријава како и други документи/материјали потребни за дообјаснување на проектот, за кои подносителот цени дека е потребно да ги достави. Документите/материјалите доставени во Пријавата не се враќаат.

На Конкурсот нема да бидат разгледувани пријави кои:

-не се поднесени од страна на филмски продуцент, регистриран за вршење на дејност производство на филмови како претежна дејност;

-не се поднесени во рокот за поднесување на Пријава на овој Конкурс или Пријави со непополнети податоци;

-не е доставена во целост задолжителната докуметација која е детално опишана во обрзецот пријава;

-се доставени од филмски продуцент кој не ги исполнил обврските согласно договор склучен со Агенцијата за филм на Република Македонија за други проекти финансирани со средства од Буџетот на Република Македонија;

-се доставени од филмски продуцент кој има забрана за учество на Конкурс по одредени основи предвидени со Законот за филмската дејност и

-се доставени од филмски продуцент кој согласно одлука на Управен Одбор е во постапка на враќање на средствата добиени од страна на Агенцијата за филм на Република Македонија или против него е поднесена тужба до надлежен суд од страна на Агенцијата за филм на Република Македонија.

 

IV Начин на користење на средства 


Правните лица чиј проект е избран на Конкурсот, односно корисниците на средствата се должни средствата да ги трошат наменски и законски согласно позитивните прописи во Република Македонија и одредбите пропишани во договорот кој ќе го склучат со Агенцијата за филм на Република Македонија.

По реализација на проектите корисниците се обврзани да достават извештај за потрошените средства со прилог документација за направени трошоци (договори, фактури, фискални сметки и сл.) и докази за направени трошоци (изводи од банка).

За наменски трошоци не се сметаат трошоците направени за:

-Купување на движни и недвижни ствари и други предмети кои ќе останат во трајна сопственост на продуцентот, а кои се купени со средствата доделени од Агенцијата за филм на Република Македонија.

 


V Начин на доставување на барање 


Пријавата и документацијата по Конкурс треба да се достават до Агенцијата за филм на Република Македонија преку пошта на адреса: ул. „8 Март“бр.4 или до Архивата на Агенцијата за филм на Република Македонија во затворен плик со назнака „пријава на Конкурс за финансирање на проекти од национален интерес во филмската дејност“ најдоцна до  15.11.2016 година до 16:00 часот.

Пријавата и документацијата воедно задолжително се доставува и во електронска форма на е-маил адресата: info@filmagency.gov.mk

 


VI Дополнителни информации 


Дополнителни информации во врска со Конкурсот може да се добијат во Секторот за филмска дејност и меѓународна соработка на телефонскот број 02/3224-100 или на емаил contact@filmagency.gov.mk.

 

Пријавата можете да ја превземете на следниов линк