EFP Shooting Stars

 

Ве известуваме дека е отворен повикот за претселекција на кандидати за учество во програмата Shooting Stars, во организација на European Film Promotion (EFP). Претселекцијата на еден кандидат се врши од страна на секоја земја-членка на мрежата, согласно правилата на European Film Promotion. 

Целта на програмата, која ќе биде реализирана во рамки на претстојното издание Меѓународниот филмки фестивал во Берлин,  е претставување на актерски таленти од цела Европа на пошироката филмска јавност.

Право на пријава имаат македонски актери/актерки (не постари од 32 години), кои имале главна улога во долгометражен игран филм во земјата или странство, што не е постар од 18 месеци. Ќе се смета за предност доколку учествуваат во филм кој ќе биде претставен на претстојното издание на Берлинскиот филмски фестивал, имаат добиено награда за најдобар актер/актерка или доколку филмот во кој имаат главна улога учествувал и/или бил наградуван на фестивали во различни земји.

Од кандидатите се бара солидно познавање на англиски јазик и учество во сите промотивни и јавни активности за времетраењето на настанот.

Пријавата потребно е да се достави најдоцна до 02. октомври, 2017 година на следната е-маил адреса: info@filmagency.gov.mk.

Во случај на избор, кандидатот е должен најдоцна до 6 октомври, 2017 година да ги достави  следните материјали:

-онлајн линк од избраниот филм и онлајн showreel со англиски преводи;
-Фотографија во боја - портрет на кандидатот со висока резолуција (210x148mm, 300dpi) и целосна фотографија на кандидатот;
-Контакт на агентот и кандидатот;
-Потпишана и заверена изјава на кандидатот и продуцентот на англиски јазик со која се овластува EFP да користи фотографии и видео инсерти од филмот или showreel-от во промотивни цели, без обврска да плаќаат авторски и други надоместоци.

Конечниот избор на учесници во програмата Shooting Stars се избира од страна на меѓународното стручно жири на EFP.

Повеќе информации за програмата можете да најдете на следниот ЛИНК