Финансирање

Една од главните надлежности на Агенцијата за филм на Република Мекдонија е финансирањето на проекти од национален интерес во филмската дејност.
За финансирање на проекти за производство на долгометражен или краткометражен игран филм, за документарен филм и за анимиран филм, Aгенцијата за филм, еднаш годишно, во јануари, објавува конкурс, кој трае во текот на целата година. По  доставените филмски проекти кои се јавиле на конкурсот се одлучува двапати годишно во април и октомври. 
За финансирање на проекти кои се од национален интерес во филмската дејност, агенцијата за филм во текот нс годината објавува конкурс за финансирање на проекти за поддршка на пишување на сценарија и конкурс за финансирање на проекти за организаирање на домашни фестивали и други филмски манифестации од меѓународен карактер.
Условите за учество на конкурсот за финансирање на филмски проекти и конкурсот за финансирање на филмските проекти од национален интерес во филмската дејнос, објавени од страна на Агенцијата за филм на Рпублика Македонија,  задолжително се содржани во секој од поединечен конкурс.