Агенцијата за филм на Република Македонија врз основа на член 25 став 2 од Законот за филмската дејност („Службен Весник на РМ’’ бр.82/13, 18/14 , 44/14, 129/15 и 152/15) објавува

 

КОНКУРС ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ОД НАЦИОНАЛЕН ИНТЕРЕС

ВО ФИЛМСКАТА ДЕЈНОСТ

 

I Општи информации

Конкурсот се распишува за финансирање на проекти за:

-Стручно и професионално усовршување на кадри од областа на филмот

-Едукативни програми за унапредување на филмската култура

-Поддршка за членство на Република Македонија во меѓународни филмски организации

-Поддршка за издавање на публикации од областа на филмската дејност

 

Краен рок за прием на пријавата: 05.05.2016 година

 

Резултатите по конкурсот ќе бидат објавени во рок од најмногу 30 дена од денот на затварање на конкурсот, и ќе се објават на веб страната на Агенцијата за филм на Република Македонија www.filmagency.gov.mk.


Проектите прифатени на конкурсот по добивање на одлуката, со директорот на Агенцијата за филм склучуваат договор за финансирање на  проекти од национален интерес во филмската дејност.

 

II Приоритети за финансирање на проекти од национален интерес

 

Агенцијата за филм на Република Македонија ќе ги поддржи оние проекти кои се од интерес за Република Македонија и кои имаат:

-Проекти кои македонската кинематографија ја ставаат во интернационален контекст и вршат промоција на македонската филмска дејност;

-Проекти кои имаат европски, односно меѓународен карактер;

-Проекти кои опфаќаат креативни решенија, нови техничко-технолошки бази и канали на вмрежување;

-Проекти кои овозможуваат развој на вештини, стручно и професионално знаење;

-Проекти кои овозможуваат развој на филмската култура.

 

III Документација која се доставува на конкурс  


Пријавувањето на проектите се врши со доставување на пополнета пријава. Пријавата на проекти од национален интерес во филмската дејност е составен дел од Конкурсот и е објавена на веб-локацијата на Агенцијата за филм. Пријавата треба да се превземе од веб-локацијата на Агенцијата за филм (www.filmagency.gov.mк ) да се пополни на македонски јазик електронски со впишување на податоци на означеното место и да се верификува.  

За секој проект се пополнува одделна пријава.


Со пријавата подносителот потребно е да ја достави и задолжителната документација која е содржана за секој проект одделно во самата пријава како и други документи/материјали потребни за дообјаснување на проектот, за кои подносителот цени дека е потребно да ги достави. Документите/материјалите доставени во Пријавата не се враќаат.
На конкурсот нема да бидат разгледувани пријави кои:


-не се поднесени во рокот за поднесување на барање на овој конкурс, 
-се со нецелосни и неточни податоци и
-се со нецелосно доставена задолжителна документација која точно е опишана во самиот образец на пријавата за одделна категорија

 

IV Начин на користење на средства 


Правните лица чиј проект е избран на конкурсот, односно корисници на средствата се должни средствата да ги трошат наменски и законски согласно позитивните прописи во Република Македонија и одредбите пропишани во договорот кој ќе го склучат со Агенцијата за филм.

По реализација на проектите корисниците се обврзани да достават извештај за потрошените средства со прилог документација за направени трошоци (договори, фактури, фискални сметки и сл.) и докази за направени трошоци (изводи од банка).

За трошоци не се сметаат трошоците направени за:

-Купување на движни и недвижни ствари и други предмети кои ќе останат во трајна сопственост на продуцентот, а кои се купени со средствата доделени од Агенцијата


V Начин на доставување на барање 


Пријавата и документацијата по конкурс треба да се достават до Агенцијата за филм на Република Македонија преку пошта на адреса: ул. „8 Март“ бр.4 или до Архивата на Агенцијата за филм на Република Македонија во затворен плик со назнака “пријава на конкурс за финансирање на проекти од национален интерес во филмската дејност’’ најдоцна до 16:00 часот на 05.05.2016 год,.

Пријавата и документацијата воедно задолжително се доставува и во електронска форма на е-маил адресата: info@filmagency.gov.mk


VI Дополнителни информации 


Дополнителни информации во врска со Конкурсот може да се добијат во Секторот за филмска дејност и меѓународна соработка на телефонскот број 02/3224-100 или на емаил contact@filmagency.gov.mk

 

Пријавата можете да ја превземете на следниов линк