Конкурс за финансирање на проекти за производство на долгометражен и краткометражен игран филм, документарен и анимиран филм

22/11/2017

 

Врз основа на член 25 став 1 од Законот за филмската дејност („Службен весник на РМ“’ бр.82/13, 18/14, 44/14, 129/15, 152/15и 39/16), Правилникот за поблиски критериуми и мерила за оцена на критериумите за финансирање на филмски проекти од националенен интерес во филмската дејност („Службен . весник на РМ“ бр.97/14) и Одлуката бр.02-1367/1 од 08.11.2017 година за поништување на Конкурсот за финансирање на проекти за производство на долгометражеен и краткометражен документарен и анимиран филм за 2017 година, Агенцијата за филм на Република Македонија објавува:


КОНКУРС
ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ДОЛГОМЕТРАЖЕН И КРАТКОМЕТРАЖЕН ИГРАН, ДОКУМЕНТАРЕН И АНИМИРАН ФИЛМ ЗА 2017

ВОВЕДНА НАПОМЕНА

Согласно член 25 став (1) од Законот за филмската дејност, за финансирање на проекти за производство на долгометражен и краткометражен, игран, документарен и анимиран филм(во натамошниот текст:филмски проекти) Агенцијата во јануари во тековната објавува конкурс кој трае во текот на целата година, а одлучува по доставените филмски преокти на конкурсот два пати годишно во април и во октомври во тековната година.
Со оглед на тоа што Агенцијата за филм на Република Македонија донесе Одлука бр.02-1367/1 од 08.11.2017 година за поништување на Конкурсот за финансирање на проекти за производство на долгометражеен и краткометражен документарен и анимиран филм за 2017 година, а имајќи предвид дека национален интерес во филмската дејност е континуирана поддршка на на производство на домашни филмови , Агенцијата за филм на РМ повторно  го објавува Конкурсот за финансирање на проекти за производство на долгометражен и краткометражен игран, документарен и анимиран филм за 2017 со еден рок за доставување на пријавите и еден рок за одлучување по конкурсот. Заради краткиот временски период до објавувањето на следниот Конкурс во 2018 година роковите за пријавување и одлучување по овој Конкурс ќе бидат скратени.

I Општи информации
Конкурсот се распишува за производство на:
-    долгометражен (игран, документарен и анимиран) филм  и
-    краткометражен (игран, документарен и анимиран) филм

Филмот во зависност од креативното и финансиското учеството на Република Македонија може да биде:
-    Домашен филм, односно национален филм и мнозинска копродукција и
-    Ко-продукциски филм со малцински финансиски удел на Република Македонија (малцински ко-продукции)

Крајниот рок за доставување на пријави е заклучно со 07.12.2017 година.

II Право на учество и услови за конкурирање
Право на учество на Конкурсот имаат само филмски продуценти регистрирани во Централниот регистар на Република Македонија за вршење на дејност производство на филмови како претежна дејност и продуценти кои ги исполнуваат условите наведени во точка II од Пријавата.

III Документација што се доставува во врска со Конкурсот
Пријавувањето на филмските проекти се врши со доставување на пополнета Пријава со прилог документација која е наведена во Пријавата. Пријавата е составен дел од Конкурсот и е објавена на веб-локацијата на Агенцијата за филм на Република Македонија. Пријавата треба да се превземе од веб-локацијата на Агенцијата за филм на РМ (www.filmagency.gov.mк ) да се пополни на македонски јазик електронски со впишување на податоци на означеното место и да се верификува.
За секој филмски проект се пополнува соодветна и одделна Пријава. Пријавата содржи подетални информации за условите за учество на Конкурсот, критериумите и мерилата за финансирање како и информации за задолжителната документација која подносителот потребно е да ја достави во прилог на Пријавата, како и други документи/материјали потребни за дообјаснување на филмскиот проект, за кои подносителот цени дека е потребно да ги достави.
Целосната документација доставена со Пријавата на Конкурсот задолжително се доставуваи по електронски пат на: info@filmagency.gov.mk.
Доставените Пријавии доставената документација по Конкурсне се враќаат на подносителот.

IV Приоритети за финансирање на проекти
Приоритет при одлучувањето на Конкурсот ќе имаат филмски проекти кои покрај уметничкиот квалитет имаат и потенцијал на циркулација, ја афирмираат Република Македонија, тематски универзални и на некој начин ќе ги отсликуваат тековите на живеење со сите негови поимања, како и автентични филмски проекти од реномирани македонски автори, млади автори - дебитанти и малцински копродукции кои ќе придонесат за унапредување на македонската кинематографија.

V Критериуми и мерила за евалуација на проекти
Филмските проекти се евалуираат согласно Правилникот за поблиските критериуми и мерила за оцена на критериумите за финансирање на филмски проекти од национален интерес во филмската дејност (Сл.весник на РМ, бр.97 од 26.06.2014г.), според критериумите:
- Оргиналност, автентичност и квалитет на содржината на сценариото;
- Успешност на филмскиот продуцент;
- Успешност на режисерот и
- Изводливост на филмскиот проект во однос на буџетот, сложеноста, планот и термините за снимање.

VI Висина на учество на Агенцијата во финансирањето
1. Агенцијата ќе учествува во финасирање на филмските проекти со средства во висина до најмногу 70% од вкупниот буџет и тоа за:
-    Долгометражен игран и анимиран филм не повеќе од 62.000.000 денари и за долгометражен документарен филм не повеќе од 5.000.000 денари;
-    Краткометражен игран, документарен и анимиран филм не повеќе од 3.000.000 денари

2. Агенцијата ќе учествува во финансирање на филмските проекти за дебитански филм со средства до најмногу 90% од вкупниот буџет и тоа за:
-    Долгометражен игран и анимиран филм не повеќе од 25.000.000 денари и за долгометражен документарен филм не повеќе од 3.000.000 денари;
-    Краткометражен игран, документарен и анимиран филм не повеќе од 1.000.000 денари

3. Агенцијата ќе учествува во финансирање на филмски проекти од посебен интерес за Република Македонија со средства до најмногу 90% од вкупниот буџет и тоа за:
-    Долгометражен игран и анимиран филм кои може да бидат и повеќе од 62.000.000 денари и за долгометражен документарен филм не повеќе од 10.000.000 денари;
-    Краткометражен игран, документарен и анимиран филм не повеќе од 4.000.000 денари

Задолжителни обврски за филмскиот продуцент е при изработка на буџетот во средствата кои ги побарува од страна на Агенцијата да ги предвиди и средствата за маркетинг, промоција,  дистрибуција и изработка на ДВД на филмовите, како и надоместоците за авторски и други хонорари кои ќе бидат финансирани од Агенцијата да ги утврдува согласно член 28 од Законот.

VII Начин на користење на финансиските средства за проекти што ќе бидат избрани на Конкурсот
1. За домашни филмови (национални филмови и мнозински ко-продукции) најмалку 65% од средствата доделени од Агенцијата мора да се трошат во Република Македонија
2. За ко-продукциски филмови (малцински ко-продукции) најмалку 80% од средствата доделени од Агенцијата мора да се трошат во Република Македонија

Филмскиот продуцент корисник на финансиските средства е должен истите да ги троши исклучиво од оперативната сметка за посебни намени т.н наменска сметка отворена за проектот и да се придржува до финансискиот план, оперативниот план и буџетот кои се составен дел од договорот. По секоја фаза на реализација на филмскиот проект до Агенцијата доставува извештај за потрошени средства, документација за направените трошоци (договори, фактури, сметки) и докази за направени трошоци (изводи од банка).

VIII Начин и рок за поднесување на Пријавата
Пријавата со прилог задолжителна документацијата и друга документација за Конкурсот  треба да се достават до Агенцијата за филм на Република Македонија преку пошта на адреса: ул. „8 Март“ бр. 4 или со нивно предавање во архивата на Агенцијата во затворен плик со назнака „Пријава на Конкурс за производство на филмови’’ најдоцна до 16:00 часот  последниот ден утврден како рок за доставување на  пријави на Конкурсот, односно: до 07.12.2017 година.

Нема да бидат разгледувани следниве пријави: доставени по истекот на рокот на Конкурсот, пополнети на несоодветен образец, доставени по електронска пошта, нецелосно пополнети и некомплетни пријави без приложена документација која задолжително се бара.
Учесници на Конкурсот за резултатите ќе бидат известени согласно Законот за филмската дејност, во рок до 30 дена сметано од истекот на последниот рок за доставување на пријави по Конкурсот.

IX Дополнителни информации
Дополнителни информации во врска со Конкурсот може да се добијат во Секторот за филмска дејност и меѓународна соработка на телефонскот број 02/3224-100 или електронски на: info@filmagency.gov.mk и contact@filmagency.gov.mk

 

Пријава за национални филмови и мнозински копродукции               Пријава за малцинска копродукција

-Рекапитулар од буџет                                                                                   -Рекапитулар од буџет

-Финансиски план                                                                                          -Финансиски план

-Прашалник за успешност на режисер                                                               

-Прашалник за успешност на продуцент