Конкурс за финансирање на проекти за производство на долгометражен или краткометражен игран филм, за документарен и за анимиран филм

 

 

10/02/2017

Врз основа на член 25 став 1 од Законот за филмската дејност („Сл. Весник на РМ“’ бр.82/13, 18/14, 44/14, 129/15, 152/15 и 39/16) и Правилникот за поблиски критериуми и мерила за оцена на критериумите за финансирање на филмски проекти од националенен интерес во филмската дејност („Сл. весник на РМ“ бр.97/14), Агенцијата за филм на Република Македонија објавува:

КОНКУРС

ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ДОЛГОМЕТРАЖЕН И КРАТКОМЕТРАЖЕН ИГРАН, ДОКУМЕНТАРЕН И АНИМИРАН ФИЛМ

 

I Општи информации

Конкурсот се распишува за производство на:

- долгометражен (игран, документарен и анимиран) филм  и

- краткометражен (игран, документарен и анимиран) филм

Филмот во зависност од креативното и финансиското учеството на Република Македонија може да биде:

- Домашен филм, односно национален филм и мнозинска копродукција и

- Ко-продукциски филм со малцински финансиски удел на Република Македонија (малцински ко-продукции)

Конкурсот е отворен во текот на целата година, а одлучувањето по доставените филмски проекти е двапати годишно и тоа: во Април и во Октомври.

Крајниот рок за доставување на пријави е:

- за првиот рок на одлучување најдоцна до 10.03.2017 г. (петок)  и

- за вториот рок најдоцна до 15.08.2017 г. (вторник)

 

II Право на учество и услови за конкурирање

Право на учество на Конкурсот имаат само филмски продуценти регистрирани во Централниот регистар на Република Македонија за вршење на дејност производство на филмови како претежна дејност и продуценти кои ги исполнуваат условите наведени во точка II од Пријавата.

 

III Документација што се доставува во врска со Конкурсот

Пријавувањето на филмските проекти се врши со доставување на пополнета Пријава со прилог документација која е наведена во Пријавата. Пријавата е составен дел од Конкурсот и е објавена на веб-локацијата на Агенцијата за филм на Република Македонија. Пријавата треба да се превземе од веб-локацијата на Агенцијата за филм на РМ (www.filmagency.gov.mк ) да се пополни на македонски јазик електронски со впишување на податоци на означеното место и да се верификува.

За секој филмски проект се пополнува соодветна и одделна Пријава. Пријавата содржи во себе подетални информации за условите за учество на Конкурсот, критериумите и мерилата за финансирање како и информации за задолжителната документација која подносителот потребно е да ја достави со Пријавата како и други документи/материјали потребни за дообјаснување на филмскиот проект, за кои подносителот цени дека е потребно да ги достави.

Целосната документација доставена со Пријавата на Конкурсот задолжително се доставува и по електронски пат на: info@filmagency.gov.mk.

Доставените Пријави и доставената документација по Конкурс не се враќаат на подносителот.

 

IV Приоритети за финансирање на проекти

Приоритет при одлучувањето на Конкурсот ќе имаат филмски проекти кои покрај уметничкиот имаат и поширок комерцијален потенцијал, ја афирмираат Република Македонија, како и се автентични филмски проекти од реномирани македонски автори, млади автори - дебитанти и малцински копродукции кои ќе придонесат за унапредување на македонската кинематографија  

 

V Критериуми и мерила за евалуација на проекти

Филмските проекти се евалуираат согласно Правилникот за поблиските критериуми и мерила за оцена на критериумите за финансирање на филмски проекти од национален интерес во филмската дејност (Сл.весник на РМ, бр.97 од 26.06.2014г.), според критериумите:

-  Оргиналност, автентичност и квалитет на содржината на сценариото;

-  Успешност на филмскиот продуцент;

-  Успешност на режисерот и

- Изводливост на филмскиот проект во однос на буџетот, сложеноста, планот и термините за снимање.

VI Висина на учество на Агенцијата во финансирањето

1. Агенцијата ќе учествува во финасирање на филмските проекти со средства во висина до најмногу 70% од вкупниот буџет и тоа за:

- Долгометражен игран и анимиран филм не повеќе од 62.000.000 денари и за долгометражен документарен филм не повеќе од 5.000.000 денари;

- Краткометражен игран, документарен и анимиран филм не повеќе од 3.000.000 денари.

2. Агенцијата ќе учествува во финансирање на филмските проекти за дебитански филм со средства до најмногу 90% од вкупниот буџет и тоа за:

- Долгометражен игран и анимиран филм не повеќе од 25.000.000 денари и за долгометражен документарен филм не повеќе од 3.000.000 денари;

- Краткометражен игран, документарен и анимиран филм не повеќе од 1.000.000 денари

3. Агенцијата ќе учествува во финансирање на филмски проекти од посебен интерес за Република Македонија со средства до најмногу 90% од вкупниот буџет и тоа за:

- Долгометражен игран и анимиран филм кои може да бидат и повеќе од 62.000.000 денари и за долгометражен документарен филм не повеќе од 10.000.000 денари;

- Краткометражен игран, документарен и анимиран филм не повеќе од 4.000.000 денари

Задолжителни обврски за филмскиот продуцент е при изработка на буџетот во средствата кои ги побарува од страна на Агенцијата да ги предвиди и средствата за маркетинг, промоција,  дистрибуција и изработка на ДВД на филмовите, како и надоместоците за авторски и други хонорари кои ќе бидат финансирани од Агенцијата да ги утврдува согласно член 28 од Законот.

 

VII Начин на користење на финансиските средства за проекти што ќе бидат избрани на Конкурсот

1. За домашни филмови (национални филмови и мнозински ко-продукции) најмалку 65% од средствата доделени од Агенцијата мора да се трошат во Република Македонија

2. За ко-продукциски филмови (малцински ко-продукции) најмалку 80% од средствата доделени од Агенцијата мора да се трошат во Република Македонија

Филмскиот продуцент корисник на финансиските средства е должен истите да ги троши исклучиво од оперативната сметка за посебни намени т.н наменска сметка отворена за проектот и да се придржува до финансискиот план, оперативниот план и буџетот кои се составен дел од договорот. По секоја фаза на реализација на филмскиот проект до Агенцијата доставува извештај за потрошени средства, документација за направените трошоци (договори, фактури, сметки) и докази за направени трошоци (изводи од банка).

 

VIII Еднократен надоместок за администрирање на проектот

За администрацијата на филмските проекти (прием и архивирање на проект, копирање и достава до рецензенти, авторски хонорар за рецензенти на проектите, евалуирање на проектите и одлучување по истите, изготвување на известувања до продуцентските куќи, поштенски услуги, телефонски услуги и сл.), уплатата се врши на Образец ПП50 со цел на дознака: Уплата за Конкурс за финансирање проекти. Назив на примачот: Агенција за филм на Република Македонија, Банка на примачот: НБРМ, Сметка: 100000000063095, Сметка на буџетски корисник: 180106036478714  приходна шифра: 725939  програма: 31

Висината на надоместокот за дминистрација на филмските проекти е:

- За долгометражни (игран, документарен и анимиран)  филмови           8.000 денари

- За краткометражен (игран, документарен и анимиран)  филмови         4.000 денари

 

IX Начин и рок за поднесување на барањата

Пријавата со прилог задолжителна документацијата и друга документација за Конкурс  треба да се достават до Агенцијата за филм на Република Македонија преку пошта на адреса: ул. „8 Март“ бр. 4 или со нивно предавање во архивата на Агенцијата во затворен плик со назнака „Пријава на Конкурс за производство на филмови’’ најдоцна до 16:00 часот  последниот ден утврден како рок за доставување на  пријави на Конкурсот, односно:

- За првиот рок најдоцна до 10.03.2017г. (петок)

- За вториот рок најдоцна до 15.08.2017г. (вторник)

Пријавите кои ќе пристигнат по истекот на првиот рок, односно пријавите кои ќе пристигнат на 11.03.2017 година, ќе бидат разгледувани во вториот рок за прием на пријави по Конкурс.

Пријавите кои ќе пристигнат по истекот на вториот рок, односно пријавите кои ќе пристигнат на 16.08.2017 година ќе бидат отфрлени од натамошно разгледување во тековната година и истите ќе бидат вратени до филмскиот продуцент со напомена дека има право да го пријави филмскиот проект на Конкурсот кој ќе биде отворен наредната година.

 

X Дополнителни информации

Дополнителни информации во врска со Конкурсот може да се добијат во Секторот за филмска дејност и меѓународна соработка на телефонскот број 02/3224-100 или електронски на: info@filmagency.gov.mk  и contact@filmagency.gov.mk

Пријава за национални филмови и мнозински копродукции     Пријава за малцинска копродукција

-Рекапитулар од буџет                                                                      -Рекапитулар од буџет

-Финансиски план                                                                             -Финансиски план

-Прашалник за успешност на режисер                                                               

-Прашалник за успешност на продуцент