ОБЈАВА
ПОТТИКНУВАЊЕ НА ВЛОЖУВАЊА СРЕДСТВА ВО ФИЛМСКИ, ОДНОСНО ТЕЛЕВИЗИСКИ ПРОЕКТ

Агенцијата за филм на Република Македонија согласно Законот за филмската дејност (Службен весник на РМ бр.82/2013, 18/2014 и бр.44/2014) почнувајќи од оваа година ќе ги поттикнува вложувањата на средства во филмски, односно телевизиски проекти со примена на мерката ПРАВО НА ПОВРАТ НА ВЛОЖЕНИТЕ СРЕДСТВА.

 

ПРАВО НА ПОВРАТ НА ВЛОЖЕНИ СРЕДСТВА

Филмски продуцент кој во Република Македонија вложил средства за реализација на игран или документарен или анимиран или ТВ филм или ТВ серија ( во натамошниот текст: филмски, односно телевизиски проект) може да се стекне со право на поврат на вложените средства, во износ од 20% од бруто трошоците направени во Република Македонија за реализација на филмски односно телевизиски проект.

Право на поврат на средства може
да се добие за   реализација на:

 

Долгометражен игран филм

Документарен филм

Анимиран филм

ТВ филм

ТВ серија

 

Право на поврат на средства не може да се добие за реализација на:

 

Рекламно аудиовизуелно дело

Аудиовизуелна комерцијална комуникација

Дневна драма (сапуница)

Ситуациска комедија

ТВ шоу и други ТВ програми

 

Минимален износ на вложени средства: За да продуцентот го оствари правото на поврат минималниот износ на вложени средства за квалификувани трошоци за реализација на филмски, односно телевизиски проект потребно е да не биде помал од 100.000 евра во денарска противредност според среден курс на Народна банка на Република Македонија. Овие средства не треба да се обезбедени од Буџетот на РМ туку од други домашни или странски извори. 


Подносител на барање за право на поврат: Подносител на барањето е филмски продуцент регистриран во Република Македонија за вршење на дејност производство на филмови кој има снимено како продуцент или копродуцент и јавно прикажано најмалку еден долгометражен игран филм и кој преку договор е овластен како продуцент, копродуцент или вршител на продукциски сервис да учествува во постапката.

 

Надлежен орган за спроведување  на постапката за остварување на правото на поврат на средства е Агенцијата за филм на Република Македонија Комисија за право на поврат на средства.

 

Рок на поднесување на барањето за остварување на правото на поврат: Најмалку 15 дена пред започнување на реализација на проектот. 


Доставување задолжителна документација за остварување на право на поврат на средства:

- пополнет образец/Барање;

- тековна состојба од Централен регистар  на Република Македонија не постар од шест месеци;

- изјава заверена на нотар дека средствата кои ќе ги вложи за реализација на проектот не се обезбедени од Буџетот на Република Македонија;

- потврда од надлежен орган за уредно платени обврски по основ на јавни давачки, не постара од еден месец;

- потврда од надлежен орган дека против него не е поведена стечајна или ликвадициона постапка, не постара од еден месец;

- договор за продуцент, копродуцент или  продукциски сервис заверен на нотар за реализација на филмскиот, односно телевизискиот проект во кој носителот на барањето учетвува во постапките поврзани со повратот на средства (при целосна странска продукција, договорот задолжително се поднесува на оригинален јазик и превод на македонски јазик заверен од овластен преведувач);

-  сценарио и кратка содржина (синопсис) за филмскиот, односно телевизискиот проект за чија реализација се бара поврат на средствата;

- буџет за филмскиот, односно телевизискиот проект за кој се бара поврат на средствата, со приказ на планирани квалификувани трошоци во Република Македонија;

- оперативен план за реализацијата на филмскиот, односно телевизискиот проект со конечни датуми на почетокот и на завршувањето на реализацијата на филмскиот, односно телевизискиот проект;

- доказ дека како продуцент или копродуцент снимил и јавно прикажал еден долгометражен филм;  

 

Постапка за  одобрување на правото на поврат: Директорот на Агенцијата за филм на РМ на предлог на Комисијата за правото на поврат во рок од 15 дена од  денот на поднесувањето на барањето на поднесувачот на барањето му издава потврда за исполнување на условите за правото на поврат на средства.

 

Со потврдата  Агенцијата му го гарантира на поднесувачот на барањето - филмскиот продуцент   повратот на средства во паричен износ за кој се исполнети условите за остварување на право на поврат согласно закон. Со издавање на потврдата носителот на проектот се задолжува во најкраток временски период да отвори оперативна сметка за посебни намени т.н наменска сметка во некоја од деловните банки во Република Македонија на име на проектот и да направи пренос на минимум средствата за кои му е издадена потврдата, односно износ не помал од 100.000 евра. Пред почеток на реализација на филмскиот, односно телевизискиот проект, продуцентот до Агенцијата доставува податоци од банка и доказ за направен трансфер на минимумот на средствата по што Агенцијата со филмскиот продуцент склучува договор за остварување на право на поврат. Во договорот се регулираат правата и обврските на договорните страни, износот за кој се гарантира правото на поврат и условите кои носителот на проектот треба да ги исполни за да го оствари правото на поврат на средства. Потврдата со која Агенцијата го гарантира износот за право на поврат е составен дел од договорот.

Агенцијата за филм на Република Македонија издава потврди само во рамките на средствата обезбедени во буџетот на Агенцијата со намена за право на поврат на средства.

Потврдите се издаваат по системот на предност на пријавата до искористување на годишниот износ предвиден за оваа намена.

 

Зголемување на средствата вложени во филмски, односно телевизиски проект во текот на реализација на проектот:  Доколку  продуцентот по добивање на Потврдата за исполнување на правото на поврат утврди, односно планира да вложи, односно потроши за реализација на филмски, односно телевизиски проект дополнителни средства за квалификувани трошоци во Република Македонија кои не се помали од 100.000 евра има право во рок од 15 дена пред  преносот на средствата на наменската сметка да достави ново барање за остварување на правото на поврат за дополнителниот износ.

 

Трошоци кои се признаваат по основ на остварување на правото на поврат: Комисијата за право на поврат на средства при Агенцијата за филм на Република Македонија ќе ги признае: само трошоците кои согласно законот преставуваат квалификувани трошоци (Прилог 1), а кои настанале од денот на издавање на потврдата и се исплатени од оперативна сметка за посебни намени т.н наменска сметка отворена за проектот. 


Рок за доставување на документација за издавање на решение за исплата на средства по основ на право на поврат на средства: Филмскиот продуцент на кој му е издадена потврда во рок од најмногу 45 дена по завршувањето на реализацијата на филмскиот, односно телевизискиот проект во Република Македонија  до Агенцијата за филм (Комисија за право на поврат на средства) ја доставува следната документација:

- пресметка на квалификуваните трошоци за филмски, односно телевизиски проект направени во Република Македонија;

- документи за направените трошоци (фактури, сметки, спецификации, договори и сл);

- доказ дека е извршена исплата на трошоците (банкови изводи од наменската сметка);

- ревизиски извештај за финансиската реализација на филмски, односно телевизиски проект, подготвен од независен ревизор, ангажиран од страна на Агенцијата, а на трошок на филмскиот продуцент.

Ако Комисијата утврди дека приложените документи за направени трошоци и докази за извршена исплата на квалификуваните трошоци не се во согласност со реалната цена на трошоци за предметниот вид на направени услуги, односно набавени стоки во Република Македонија ќе побара носителот на проектот да ги образложи причините за повисоките износи. Доколку Kомисијата по образложението од страна на носителот на проектот не се согласува има право преку Агенцијата за филм на Република Македонија да ангажира овластен проценител кој ќе ја утврди реалната цена на направените трошоци.

 

Донесување на решение за исплата на средства по основ на поврат: на предлог на Комисијата во рок од најмногу 30 дена од денот на доставување на документите за направени трошоци и доказите,  директорот на Агенцијата донесува решение за исплата на средства по основ на поврат на средства на име на подносителот на барање. Исплатата на средства по основ на поврат на средства Агенцијата го врши на оперативна сметка за посебни намени т.н наменска сметка од договорот.

 

Донесување на решение со кое се губи на правото на поврат на средства: доколку се утврди дека трошоците од пресметката не се направени за квалификуваните трошоци, доказите за извршена исплата не се во согласност со реалната цена на трошоци за предметниот вид на направени услуги,  како и во ревизорскиот извештај е констатирана нерегуларност во работењето на филмскиот продуцент, Kомисијата му предлага на директорот да донесе решение со кое барањето за исплата на средства се одбива и се губи правото на поврат на средства и го раскинува договорот за остварување на правото на поврат. 

 

БАРАЊЕ за остварување на правото на поврат на средства 

Квалификувани трошоци