Македонија на 69. Кански Филмски Фестивал - ДЕН 1

12/05/2016

 

И oваа година Македонија е дел од Филмскиот Маркет во склоп на Канскиот Филмски Фестивал, каде Агенцијата за Филм врши промоција и ја прeзентира македонската кинематографија со најновите македонски филмски остварувања, продукциските можности и олеснувања кои ги нуди нашата земја, како и локациите кои ја прават атрактивна дестинација за снимање филмови со цел привлекување на странски продукции во Македонија.

ПРОЕКЦИЈА НА КАНСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ

Четврток, 12.05

15:30  – LUMIERE       СИЕРАНЕВАДА


Она што го одбележа денешниот ден, а е значајно за македонската кинематографија е  прикажувањето на најновиот филм на романскиот режисер Кристи Пуиу „Сиеранавадa“ во Официјалната селекција на Канскиот Филмски Фестивал, во кој Македонија е земја ко-продуцент.  Официјалната проекција на филмот се одржа во 15.30 часот во големата сала – Лимиер каде присуствуваше авторската екипа на филмот заедно со режисерот Кристи Пуиу, како и претставници од сите ко-продуцентски куќи учесници во проектот заедно со фондовите кои истиот го финансирале. Од Македонија на официјалната премиера присуствуваа Лабина Митевска, која се јавува како македонски ко-продуцент, директорот на Агенцијата  за филм Мими Ѓоргоска Илиевска како и претставници од Агенцијата за филм на Република Македонија.