Македонија на 69. Кански Филмски Фестивал - ДЕН 3

14/05/2016

 

Агенцијата за филм со зголемена посетеност на македонскиот штанд продолжи со својата презентација на макеоднската кинематографија и Македонија како дестинација за снимање. Во текот на денот беа остварени средби со селектори на филмски фестивали, продуценти, директори на меѓународни организации меѓу кои и директорката на Агенцијата за филм оствари средба и со Сузан Николчев, извршен директор на Европската Аудиовизуелна Опсерваторија.