Македонија на 69. Кански Филмски Фестивал - ДЕН 4

15/05/2016

Презентацијата на Република Македонија на штандот на Филмскиот Маркет во Кан продолжува.

Во текот на денешниот ден покрај останатите активности со цел презентација на македонската кинематографија во слкоп на филмскиот маркет, директорката на Агенцијата за филм оствари средба со Ана Франклин, генерален директор на Film New Europe (платформа за вмрежување на филмски професионалци од земјите од Централна и Источна Европа) и Marketa Hodouskova, менаџер директор на Film New Europe Association  на која беше дискутирано за остварување на соработка со оваа меѓународна организација  со цел пристапување на Република Македонија како нејзин член.