Македонија на 69. Кански Филмски Фестивал - ДЕН 6

17/05/2016

 

 

 

 

 

 

 

Во текот на денешниот ден директорката на Агенцијата за филм Мими Ѓоргоска Илиевска присуствуваше на Генералното собрание на European Film Promotion (oрганизација која работи за светска промоција и маркетинг на Европската кинематографија), каде Македонија е членка од 2009 година, додека  раководителот на секторот за филмска продукција и меѓународна соработка Даниела Станковска Плачковска беше дел од генералното собрание на  EUFCN (европска мрежа на филмски комисии), каде Македонија е членка од 2015 година.

Покрај останатите активности во насока на промоцијата и претставување на Македонија на Филмскиот маркет на Канскиот Филмски фестивал остварени беа работни состаноци со филмските продуценти од Франција, кои раководени од своето одлично искуство со снимањето на филмот "А Fond" во Македонија, беа заинтересирани за остварување на нова соработка односно копродукција помеѓу Македонија, Франција и Италија. Воедно, во текот на денот остварена беше средба и со Кристијан Рут, експерт по сценарио од ScreaptEast, кој во декември минатата година во Македонија работеше на проектите за развој од идеја до сценарио, како и средби со заинетресираните филмски професионалци кои во текот на денот го посетија македонскиот штанд.