Македонија на 69. Кански Филмски Фестивал - ДЕН 7

18/05/2016

 

 

 

 

 

 

 

Во текот на вчерашниот ден директорката на Агенцијата за филм Мими Ѓоргоска Илиевска учествуваше на меѓународниот собир на 20-те најпрогресивни фондови од Европа и пошироко во организација на Сајмон Пери (Претседател на АЦЕ). Целта на собирот беше размена на искуства за различните национални стратегии и нивните резултати со цел развој на филмската дејност и предизвиците за 2017 година.

Со почеток во 17:00 часот во Павилионот на Југоисточна Европа се одржа македонската забава на која присуствуваа голем број на професионалци од областа на филмската индустрија (селектори на фестивали, директори на меѓинародни организации, дистрибутери, продуценти, режисери).