Македонија на 70. Кански филмски фестивал - ДЕН 7

 

Во текот на денешниот ден директорката на Агенцијата за филм Мими Ѓоргоска Илиевска присуствуваше на состанокот на Best Practice Exchange каде имаше можност да се сретне со Сајмон Пери, претседател на ACE Producers како и да размени искуства со останатите претставници од земјите членки. Покрај останатите активности, на SEE павилјонот се одржа и состанок со претставници од Берлинксиот филмски маркет каде се разговараше за можни идни соработки како и присуството на Македонија со штанд на наредното издание на Берлинкиот филмски фестивал. Во склоп на програмата на филмскиот маркет беше прикажан и долгометражниот филм „Година на мајмунот“, во режија на Владимир Блажевски.

MARKET SCREENINGS

Среда, 24.05

10:00 am – PALAIS E         ГОДИНА НА МАЈМУНОТ

SEE Pavilion Галерија