3то издание „Џифони Македонија“

7- 11 ОКТОМВРИ 2015

ТЕМА: МЕЧТАЕЊЕ

Ајде да го исполниме светот со приказни. Среќни приказни. Тажни приказни. Љубовни. За пријателството.

И потоа да си замислиме дека се вистински.  Ајде да создадеме наш сопствен свет во рамките на вистинскиот свет околу нас. И во тој свет, да создадеме уште еден, нов. Бидејќи тоа е МЕЧТАЕЊЕТО.

Џифони Македонија по трет пат те упатува како се прави тоа. Не мора дури ни очите да ги затвориш. Полесно е отколку што си мислиш. Седнуваш во столчето, се опушташ и... им дозволуваш на филмовите да те магепсаат. Им дозволуваш да те водат и научат како да сонуваш со отворени очи. Ти даваат храброст и не те оставаат рамнодушен. Ти ја отвораат вратата на непознатото и те водат во илјадници нови светови. Повели, избери си еден!

И потоа, дозволи уште еднаш Џифони Македонија да те поведе низ приказните на тој свет и да ти помогне да си ја пронајдеш сопствената. Зашто и ти, исто така имаш најубава и единствена приказна. Повели, сподели ја со нас. Сакаме да те чуеме и да бидеме дел од твоите приказни.

Ајде да МЕЧТАЕМЕ заедно.

 

Учесници: 600  млади во жири од Р. Македонија

 

Генератор 10+         Јуниори           200 деца        Локација: Македонски народен театар
Генератор 13+         Кадети            200 деца        Локација: Младински културен центар - МКЦ
Генератор 16+         Сениори          200 деца        Локација: Младински културен центар - МКЦ

 

Генератор +13 и Генератор +16 се меѓународни жирија

 

International_picture_web-large

 

Меѓународно жири: 50 деца 

Земји учеснички: Италија, Србија, Бугарија, Хрватска, Романија, Русија, Шпанија, Франција, САД и Белгија

 

"Џифони Македонија" 2015 Програма

"Џифони Македонија" 2015 Каталог

Жири: Јуниори & Кадети и Сениори

Зелен тепих и останати гости

Останати активности

Победници

 


Следете ги „Џифони Македонија“: