Корисни линкови


                 Министерство за Култура

MINISTRY OF CULTURE
OF THE REPUBLIC OF
MACEDONIA

 

 

 

 

___________________________________________________________________________________


Кинотеката на Македонија е национална институција формирана во 1976 година со финансиска поддршка на Министерството за култура.

Главна активност и задача на Кинотеката се стекнување, собирање, складирање, чување и презентација на не само на националното туку и на странското аудиовизуелно наследство.

___________________________________________________________________________________

Друштвотото на филмските работници на Македонија (ДФРМ) е основано на 21 мај 1950. Друштвото е формирано како синдикат и општествена организација што ги опфаќа филмските работници од сите профили.

Друштвотото на филмските работници на Македонија функционира како организација што околу себе ги собира филмските автори и се залага за нивните интереси.

___________________________________________________________________________________

 

EURIMAGES
EUROPEAN CINEMA
SUPPORT FUND
                        

Еуроимаж е  фонд при  Советот за Европа за копродукција, дистрибуција, производство  и дигитализација на Европските кинематографски дела. Фондот е конструиран во 1989 година во рамките на Советот на Европа  како  делумен  договор, со одлука од Советот на Министри. Моментално фондот брои 34 земји членки. 

Целта на Еуроимаж е да се промовира европската филмска индустрија, преку поттикнување на производство и  дистрибуција на филмови и потикнување за копродукции помеѓу филмските професионалци.

___________________________________________________________________________________

            

EUROPEAN
FILM PROMOTION

European Film Promotion е организација која работи за светска промоција и маркетинг на Европската кинематографија. Мрежата на European Film Promotion вклучува 31 организацја за национална промоција од 32 земји членки. European Film Promotion е основана во 1997 година за време на Берлинскиот Филмски Фестивал, била основана од десет, а денес брои 31 центар за промоција од 32 европски земји. 

___________________________________________________________________________________

europa-cinemas


EUROPA CINEMAS


Europa Cinemas
е првата кино мрежа која се фокусира на европски филмови. Нејзината цел е да се обезбеди оперативна и финансиска поддршка за киносали што би се  заложиле да прикажуваат значителен број на Европски не-национални филмови, да им понуди иницијативи како и промотивни активности насочени кон младата популација како и прикажување на дигитални европски филмови. Благодарение на поддршката на Евроимаж и на француското Министерство за надворешни работи, влијанието на Europa Cinemas се протега на земјите од Источна Европа, на Балканот и во Турција.

___________________________________________________________________________________

European Audiovisual
Observatory


Европската аудиовизуелна опсерваторија
има 37-земји членки и работи при Советот на Европа во Стразбур. Меѓу другото целта на Опсерваторијата е  проток  на информации и зголемување на конкурентноста на европските аудиовизуелни индустрии.

___________________________________________________________________________________

 MEDIA

MEDIA Programme


MEDIA 
е ЕУ програма за поддршка на европската аудиовизуелна индустрија. Таа кофинансира иницијативи за обука за аудиовизуелни индустриски професионалци, обуки за развој на проекти (филмови, телевизиски драмидокументарци, анимации)како и промоција на европски аудиовизуелни дела ...

Програмата MEDIA 2007 (2007-2013) е четвртата мулти-годишна програма од 1991 година (претходни програми) и има буџет од 755.000.000 €.
___________________________________________________________________________________

 

Cineuropa.orgCINEUROPA

Cineuropa е првиот европски портал посветен на филмот и аудиовизуелната индустрија во 4 јазици. Со дневни вести, интервјуа, бази на податоци, истраги во аудиовизуелната индустрија, Cineuropa има за цел промовирање на европската филмска индустрија низ целиот свет. Добредојдовте на платформата каде професионалците можат да најдат информации и разменуваат идеи.
___________________________________________________________________________________

   

Power to the Pixel е компанија која им помага на филмските автори и на филмската индустрија да се транзитираат до дигиталната ера на медиумите. Услугите на Power to the Pixel вклучуваат консултација, тренинг и анализа на променливоста на меѓународниот маркет. Оваа компанија работи и ги има подржано некои од најуспашните медиумски пионери, професионалци и фимски автори. 

 

___________________________________________________________________________________

EAVE е една од водечките организации за организирање на тренинзи и работилници за продуценти во Европа.  Целта на оваа организација е запознавање на продуцентите на играни и документарни филмски и телевизиски проекти со Европските правила (можните фондови на кои што може да се аплицира, правните и финансиските регулативи, Медиа програмата, фестивали и маркети и сл.) со цел зголемување на нивното знаење за продукција и ко-продукција во Европа.