На изгрејсонце

Оригинален формат:
35 mm
Година на објавување:
2009
Времетраење:
19 мин.
Режисер:
Ѓорче Ставрески
Продуцент:
Ѓорче Ставрески
Извршен Продуцент:
Русе Арсов
Монтажа:
Софија Самоиловска
Сценарио:
Ѓорче Ставрески
Директор на Фотографија:
Димо Попов
Музика:
Огнен Анастасовски
Главни Улоги:
Перо Арсовски, Јордан Симонов, Марија Бејкова, Лиле Георгиева
Кратка содржина:
Пред зората еден стар човек во една планинска колиба пронаоѓа една исплашена девојка како се крие во кујната. Неколку минути подоцна во колибата влегува нејзиниот љубовник претставувајќи се како нејзин чичко. Старецот одлучува да ја заштити девојката и лаже дека никого нема забележано во околината. Како што се ближи крајот на филмот, оваа негова одлука скапо ќе го чини.

Награди:

Награда „Ацо Алексов“ - Aстерфест, Струмица, 2009

„Златна маска“ за најдобар краткометражен филм - Фестивал на француски филм, Охрид 2009

Фестивали:

Меѓународен фестивал на краткометражен филм Клермон-Феран, Франција, 2010

Филмски фестивал МЕДФИЛМ, Рим, Италија, 2010

БЕЛЕФ - Белградски летен филмски фестивал, Србија, 2010

СИНЕФИЕСТА Меѓународен фестивал на краткометражен филм, Порторико, 2010

Синема Јове Меѓународен Филмски Фестивал, Валенсија, Шпанија, 2010

Продуцентски куќи:
Трис Филмс
Владимир Комаров 33-2/1
1000 Скопје, Р.Македонија
stavreski@gmail.com