Како да ме нема

Оригинален формат:
35 мм
Година на објавување:
2010
Времетраење:
105 мин.
Режисер:
Хуанита Вилсон
Продуцент:
Владимир Анастасов, Натали Личлентелер, Џејмс Флин, Лена Рехберг, Карен Ричардс
Монтажа:
Натан Нугент
Сценарио:
Хуанита Вилсон
Директор на Фотографија:
Тим Флеминг
Музика:
Кирил Џајковски
Главни Улоги:
Наташа Петровиќ, Федја Стукан, Сања Буриќ, Ирина Апелгрен, Јасна Дилиќ, Стелан Скарсгаард
Кратка содржина:
Самира е учителка во босанско село: 29 годишна, нежна, паметна и убава. Еден пролетен ден еден млад војник доаѓа непоканет во нејзината кујна и и кажува да се спакува, нејзиниот живот е прекинат. Одејќи од селото, таа се врти и зад неа гледа црно небо и чад. Самира влегува во еден нов свет, каде што мирот е бајка и нема домови, но само кампови: транзитен камп, камп за прием, логор, логор на смртта. Во овој филм е покажана борбата на Самира да се држи до она што е човечко, барањето на надежта и причината за надеж среде трагедијата на балканскиот конфликт. Филмот е адаптиран на реномираниот роман од Славенка Дукиќ „Како да ме нема“ сосема релевантен, оригинален, и пред сè, тој дава надеж. Случувањето е во Босна 1992 година, филмот има потенцијал да биде моќен, но и потресен филм за една извонредна жена, која се со соочува ужасната состојба за време на балканските војни.





Награди:

Прва награда - Синема Мунди Меѓународен Филмски Фестивал, Република Чешка, 2012

Најдобар филм - Филмски Фестивал Феникс, САД, 2011

Најдобар режисер, најдобар сценарист и најдобар филм - Ирски телевизиски и филмски награди, 2010

Добитник на „Златна пирамида“ - Меѓународен Филмски Фестивал, Каиро, Египет, 2010

Добитник на филмска награда “Face” која ја доделува Советот на Европа

Фестивали:

Фестивал на македонски филм, Торонто, Канада, 2015

Меѓународен Филмски Фестивал Палм Спрингс, САД, 2011

Фестивал на ирски филм, Џејмсон, САД, 2011

Меѓународен Филмски Фестивал Сан Луи Обиспо, САД, 2011

Меѓународен Филмски Фестивал Бреда, Холандија, 2011

Меѓународен Фестивал на жени автори, Кретеј, Франција, 2011

Меѓународен Филмски Фестивал WorldFest, Хјустон, САД, 2011

“Cinema for Peace” Берлин, Германија, 2010

Филмски Фестивал, Сараево, Босна и Херцеговина, 2010

Меѓународен Филмски Фестивал Торонто, 2010

Меѓународен Филмски Фестивал Хаифа, 2010

Филмски Фестивал, Загреб, Хрватска, 2010







Официјална Веб страница:
Продуцентски куќи:
Сектор Филм
Алберт ајхштајн 9/14
1000 Скопје, Р.Македонија
office@sektor.com.mk  
www.sektor.com.mk

Wide Eye Films
70Sir John Rogerson’s Quay
Dublin2, Ireland
mail@wideeyefilms.com 

Octagon Films
Ardmore studios
Herbert road, Bray
Dublin, Ireland
octagon@iol.ie 

Stella Nova Film
Rorstrandsgatan46
Stockholm, Sweden
info@stellanovafilm.com

Трејлер