Кафеана

Година на објавување:
2013
Режисер:
Диелза Мифтари
Продуцент:
Авни Далипи
Сценарио:
Насер Шатроли
Главни Улоги:
Осман Ахмети, Муса Јусуфи, Лум Далипи, Музбајдин Ќамили
Кратка содржина:
Едно мало дете (10 годишен) принуден од тешката економска состојба, се труди преку продажба на цигари и други ситни ствари (семки, кикирики) да заработи нешто и така да и помогне на својата самохрана мајка, која исто така е невработена. Оваа несакана “професија“ го одвојува него од нормалниот детски живот и го принудува да биде во контакт со разни луѓе по улици, кафеани, паркови... Соочен со еден суров свет, во неговата свест почнуваат да завземаат битно место алкохоличари, комарџии, криминалци,деликвенти.... Овие луѓе почнуваат да стануваат идоли во неговиот живот. Сакајќи да биде како нив, детето се поголем дел од денот го поминува во една кафеана каде што игра комар. Сите редовни клиенти во оваа кафана го познаваат добро и кон него се однесуваат како кон некој што веќе е дел од таа група. Тие пред него ги покажуваат сите мрачни страни од нивните карактери, сите валкани приказни од нивните животи, без да имаат свест дека станува збор за дете и дека врз него имаат лошо влијание. Како што коцкарската игра станува се пожешка, така и играчите стануваат понервозни и поосетливи во меѓусебните провокации. Детето ова го следи со големо задоволство и љубопистство. Во еден момент избива една кавга меѓу присатните. Кавгата прераснува во тепачка. Во еден момент се слуша истрел. Сите присутни застануваат. Детето паѓа. Куршумот го погодил в гради, не оставајќи никаква можност да се спаси неговиот живот.
Продуцентски куќи:
Лина Р Пресс Продукција
Прва 10
1300 Куманово, Р.Македонија
avnidalipi@hotmail.com