Играта заврши

Оригинален формат:
DVD
Година на објавување:
2012
Времетраење:
8 мин. 43 сек.
Режисер:
Зоран Мишевски
Продуцент:
Пеце Ангелковски
Извршен Продуцент:
никола Танчевски
Монтажа:
Златко Јосифоски
Сценарио:
Никола Танчевски
Директор на Фотографија:
Зоран Мишевски
Музика:
Марјан Нечак
Главни Улоги:
Здравко Стојмиров, Никола Пројчевски, Давор Нечак, Ѓоко Росиќ, Кристина Николова
Кратка содржина:
Анимираниот филм Играта заврши е замислен како приказна за едно дете Ноа кое е зависно од компјутерските игри. Играјќи ја својата игра, случајно станува дел од светот на неговата омилена игра. Тој и самиот не знае како одеднаш од пред екранот доспева во “реалниот свет“ на својата игра. Таму ситуацијата е многу поразлична отколку што изгледа кога си пред мониторот. Започнува Мисија во свет кој што се бори за опстанок, вечен антагонизам помеѓу витезите на доброто и хордите на злото.И токму кога се во поход, кој треба да го спречи легионот на мрачните сили, Ноа се разбудува во својата соба. Филмот третира една ситуација која секој “gamer“ подсвесно ја посакува - да стане дел од играта.



Фестивали:

Филмски фестивал Giffoni Experience, Италија, 2015

Детски Филмски фестивал BaMKids,Њујорк, САД, 2014

Детски Филмски фестивал Сиетл, Вашингтон, САД, 2014

Фестивал на храна и филм, Поградец, Албанија, 2013

Филмски фестивал „Eastern Neighbours“, Утрехт, Германија, 2012

Меѓународен фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, Битола, Македонија, 2012

Меѓународен Фестивал за детски филм, Каиро, 2012

МедиаАрт Фестивал, Битола, Македонија, 2012

Festival of European Film - CineDays, Скопје, Македонија, 2012



Продуцентски куќи:
Motion Universe
Томаки Димитровски 37
7000 Битола, Р.Македонија
nikola.tanchevski@gmail.com
www.MotionUniverse.info