Македонски Филмови Фестивали Фестивали во Македонија Фестивали на Македонски Филм Интернационални Фестивали Категоризација на Филмски Фестивали Учество на македонски филмови на интернационални филмски фестивали Финансирање Конкурси Филмски проекти финансирани од страна на Агенцијата за филм Поттикнување на вложувања средства во филмски, односно телевизиски проект Брошура Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2015 - 2016) Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2014 -2015) Проекти реализирани во соработка со Агенцијата за филм EAVE Producers Workshop 2015 Џифони Македонија Џифони патува Европски филмски ден за млада публика Меѓународна соработка Членство во меѓународни организации Контакти од Продуцентски куќи Филмографии на Македонски Режисери Правна регулатива Јавни Набавки Корисни линкови Трејлери од Македонски филмови Каталози на Македонски филмови

Tрагачи по звукот

Оригинален формат:
HD
Година на објавување:
2013
Времетраење:
28 мин.
Режисер:
Сузана Диневски
Продуцент:
Сузана Диневски, Иво Антов
Монтажа:
Мишко Чунихин
Сценарио:
Сузана Диневски
Директор на Фотографија:
Сузана Диневски
Музика:
Костадин Богадиновски, Давор Јордановски
Кратка содржина:
Од ретките парчиња дрво во куќата на велешки мегдан близу црквата Свети Пантелејмон, уметникот Светозар Богданоски прави виолини со кои се свири во познати концертни сали во Европа. На единствениот виолинар во Македонија Светозар Богданоски, со чии виолини се продаваат низ цела Европа, во работата му помагаат неговата сопруга Марија, професорка по виолина, и сликарката Татјана. Во тишината и спокојството на нивната работилница сместена во долниот спрат од нивната семејна куќа постојано се слуша длабењето и стружењето по јаворовото и смрековот дрво. Звукот на алатот кој е од јапонски мајстори на самурајски мечеви допира и до оптегнатите жици на тазе сработените виолини. Тие стојат обесени на еден шкаф и го чекаат Костадин, синот на Светозар и Марија, кој веќе 5 години е концерт- мајстор во Големиот театар Лидеу во Барселона, Шпанија. Свири виолина на Големата сцена, изработена токму од неговиот татко во мистичната Велешка работилница. Светозар никогаш не заминал од Велес и ретко ја напушта својата работилница, и никогаш не ја имал можноста да го слушне звукот на неговите инструменти во концертна сала, ниту пак го слушнал синот како свири на една од неговите виолини во оркестарот. „Трагачи по звукот“ е музички документарен филм за врската помеѓу татко и син, нивната заедничка страст кон виолината, нејзиниот звук и моќта на музиката. Филмот ја документира личната приказна на Македонскиот Страдивариус во Велес, Светозар Богданоски, единствениот виолинар во Македонија и неговиот син, Костадин, концерт- мајстор во Големиот театар Лидеу во Барселона, Шпанија, кој единствено свири на виолини изработени од рацете на неговиот татко.



Награди:

Најдобар документарен филм - Фестивал на храна и филм, Поградец, Албанија, 2013

Специјална награда од жири - Филмски фестивал Јахорина, Пале, Босна и Херцеговина, 2013

Фестивали:

O!PLA - Полски фестивал за анимиран филм, Полска, 2014

ДримОН - Фестивал за процесирање култура, Струга, Македонија, 2013

Фестивал на филмови од Југоисточна Европа SEE a Paris, Париз, Франција, 2014

Кански фестивал на корпоративни медиумски и ТВ проекти, Франција, 2013

Меѓународен фестивал на краткометражен филм, Техеран, Иран, 2013

Меѓународен фестивал на музика и филм, Чечон, Јужна Кореја, 2013

Hot Docs (Festival Doc Shop and Doc Shop Online) Торонто, Канада 2013
Продуцентски куќи:
Наше Маало Продукција
Кузман Јосифовски Питу 34
1000 Скопје, Р.Македонија
suzanadinevski@rogers.com