Влакна

Година на објавување:
2013
Режисер:
Елеонора Венинова
Продуцент:
Небојша Илиевски
Сценарио:
Елеонора Венинова
Директор на Фотографија:
Димо Попов
Кратка содржина:
Кога двајца планинари ќе го најдат масакрираното тело на едно 7 - годишно девојче, детективката Вајлд ќе се зафати со решавање на случајот како нејзиниот живот да зависи од тоа. Но, уште од самиот почеток случајот се заплеткува кога форензичките анализи потврдуваат дека она што го нашле на местото на злосторството се всушност остатоци од мртво магаре измешани со крвта на девојчето. Единствениот зрак надеж за детективката е единственото влакно кое е пронајдено на местото на настанот, за кое се претпоставува дека припаѓа на убиецот. Кога анализите ќе се вратат покажувајќи дека убиецот е жена, детективката Вајлд нема избор освен целосно да ја преиспита нејзината теорија, но и нејзиниот здрав разум.



Награди:

Најдобар трилер - Меѓународен филмски фестивал во Канада, 2016

Филмски фестивал Worldfest-Houston, Хјустон, Тексас, САД, 2014 - Златно реми во категорија краткометражен трилер/мистерија

Фестивали:

фестивал на авторски филм, Белград, Србија, 2015

Фестивал на македонски филм, Торонто, Канада, 2014

Филмски фестивал во Тузла, Босна и Херцеговина, 2014

Меѓународен фестивал на краткометражен филм, Драма, Грција, 2014

Филмски фестивал „Other Movie“, Лугано, Швајцарија, 2014

Southeast European Film Festival, Лос Анџелес, САД, 2014

North Hollywood CineFest, Лос Анџелес, САД, 2014

Меѓународен фестивал на краткометражен филм – АТЕРФЕСТ, Струмица, Македонија, 2014

Фестивал на европски филм - Синедејс, Скопје, Македонија, 2013

Меѓународен фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, Битола, Македонија, 2013

Продуцентски куќи:
Партес Продукција
Ул. Бомија 1-2/21
1000 Скопје, Македонија
info@partesadv.com 
nebojsa.ilijevski@partesadv.com