Македонски Филмови Фестивали Фестивали во Македонија Фестивали на Македонски Филм Интернационални Фестивали Категоризација на Филмски Фестивали Учество на македонски филмови на интернационални филмски фестивали Финансирање Конкурси Филмски проекти финансирани од страна на Агенцијата за филм Поттикнување на вложувања средства во филмски, односно телевизиски проект Брошура Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2015 - 2016) Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2014 -2015) Проекти реализирани во соработка со Агенцијата за филм EAVE Producers Workshop 2015 Џифони Македонија Џифони патува Европски филмски ден за млада публика Меѓународна соработка Членство во меѓународни организации Контакти од Продуцентски куќи Филмографии на Македонски Режисери Правна регулатива Јавни Набавки Корисни линкови Трејлери од Македонски филмови Каталози на Македонски филмови

Ослободување на Скопје

Режисер:
Раде Шербеџија, Данило Шербеџија
Продуцент:
Горјан Тозија, Роберт Насков, Игор Нола, Владимир Анастасов, Арто Халонен, Данило Шербеџија
Монтажа:
Николас Гастер
Сценарио:
Душан Јовановиќ, Раде Шербеџија
Директор на Фотографија:
Дејан Димески
Музика:
Туомас Кантелинен, Влатко Стефановски
Главни Улоги:
Раде Шербеџија, Силвија Стојановска, Луција Шербеџија, Давид Тодосовски, Небојша Глоговац
Кратка содржина:
Зоран е осумгодишно момче, главниот јунак во оваа приказна. Низ неговите очи ги доживуваме суровите делови на војната, сликите на сиромаштијата и страдањата за време на окупираното Скопје, град кој во 1941 година беше окупиран од Германците, заедно со своите сојузници, Бугарите. Таткото на Зоран не е тука. Тој се бори со Партизаните. Тетинот на Зоранпак, Георги Потевски е активен член на отпорното движење и учествува во атентатот на високиот германски офицер и во евакуација на Евреите на ослободените територии. Меѓутоа тој не успева да ги спаси членовите на еврејското семејство Росман пред да бидат депортирани во Германија, кои се негови соседи и блиски пријатели. Малата другарка на Зоран, Рената, е однесена од страна на германците во логор заедно со нејзиниот брат Оскар и нејзината мајка Сара. Зоран многу страда поради тоа што ја изгубил Рената. Бугарската тајна полиција брутално го приведува Георги. Тогаш неговата сопруга и тетка на Зоран, Ленче, која е во седмиот месец на својата бременост, абортира. Георги е брутално мачен во затворот. Мајката на Зоран, Лица, флертува со германскиот офицер Ханс Милер кој се вселува во вилата на Росманови. Милер ќе интервенира во бугарската полиција и тие го пуштаат Георги од затвор. Од многу тепање во затворот, Георги има тешки повреди. Целата негова лева страна е парализирана и не може да зборува. И покрај забраната од докторот за пушење на цигари, заради нејзината болест, бабата на Зоран заедно со него собира отпушоци. Гангрената многу брзо и се шири. На бабата и ја ампутираат ногата во болница, но тоа не помага и таа умира. Заедно со своите другари, Лудиот Ваво, Бибо, Трајко, Аница и Ристе, Зоран краде пари од црквата на попот Васил, посетува проститутки, се вози во украден кабриолет на бугарскиот агент Господинова, бега од дома, спие кај циганот Тасин, одгледувач на поштенски гулаби, кого тајната полиција подоцна ќе го ликвидира како соработник на отпорот. На Зоран му станува јасно дека неговата мајка има некаква врска со Ханс Милер. Зоран многу често го сонува татко му за кого тетин му Георги вели дека наскоро ќе го ослободи Скопје. Благодарение на љубовната врска помеѓу Лица и Ханс на нејзиното семејство не му фали храна, но во моментот кога партизанската војска ќе го ослободи градот, нејзиниот љубовник Ханс ќе биде ликвидиран. Лица е понижена и е прогласена за предавник. Таа ќе се фрли во Вардар. Во моментот кога таткото на Зоран на бел коњ влегува во градот, еден залутан куршум го убива најдобриот другар на Зоран, Трајко. Слободата пристигна.

Фестивали:

Пулски филмски фестивал, Хрватска, 2016
Продуцентски куќи:
Партизанс Продукција
Ѓорѓи Димитров бр.46
1000 Скопје, Македонија
partysans@t-home.mk 
www.partysans.com.mk

Lijeni Film
Tomasiceva 11
10 000 Zagreb, Croatia
daniloserbedzija@gmail.com 


Art Films production AFP Ltd. 
Merimiehenkatu 10
00150 Helsinki, Finland
info@artfilms.fi
www.artfilmsproduction.com


MP Film Production
Nova Cesta 60
10000 Zagreb, Croatia
info@mp-films.com
www.mp-films.com 


Кино Око
Нобелова 12a/6
1000 Скопје, Македонија
www.kinooko.com.mk


F.&M.E.
Film&Music Entertainment LTD
Unit 25, Archer Street Studios
10/11 Archer Street, London