Кајмо (Работен наслов: Сите сме исти)

Оригинален формат:
2K, FULL HD
Година на објавување:
2016
Времетраење:
85`
Режисер:
Александар Зиков
Продуцент:
Александар Зиков
Извршен Продуцент:
Деница Апостоловска
Монтажа:
Александар Зиков
Сценарио:
Лидија Пападимитру
Директор на Фотографија:
Иван Зороски
Музика:
Атанасе Јорјица, Марија Зикова
Главни Улоги:
Нико, Мариа, Мите, Лена
Кратка содржина:
Нико, маж на возраст од 30-40-тина години од Крушево, заминува низ Македонија за да ги открие остатоците на влашката култура кои се во фаза на дефинитивно исчезнување. Следејќи ја трагата на историските локалитети каде што живееле Власите, или оние каде сеуште живеат заедно со другите збратимени народи, си предлага да замине во потрага пошироко во Балканот во потрага по автентичните вредности во најчиста форма, вредности што некогаш ги поврзувале Ориентот и Западот. Потрагата на Нико е обид да се зачува дел од културата на своите предци. Својот пат во спирална форма што ги опфаќа метрополите на соседните држави , е враќање кон корените на влашката култура, обид да се дешифрира историското минато на власите преку својата култура, и не на последно место, враќање кон себе.

Фестивали:

Меѓународен фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, Битола, Македонија, 2015

Продуцентски куќи:
Арка Медиа
Орце Николов 109
1000 Скопје, Македонија
arkamedia@gmail.com