Последниот Македонец - Патот до истребување

Оригинален формат:
Full HD
Година на објавување:
2015
Времетраење:
90'
Режисер:
Илија Пиперковски
Продуцент:
Снежана Лупевска Созен
Монтажа:
Данчо Стефков
Сценарио:
Александар Кукулев
Директор на Фотографија:
Дејан Димески
Музика:
Оливер Тевчев
Главни Улоги:
Сашко Коцев, Рубенс Муратовски,Ненад Нацев, Зоран Љутков, Славиша Каевски, Петар Горко, Митко С. Апостолоски.
Кратка содржина:
Ден по потпишувањето на Букурешкиот договор, на 11 август 1913 година, централниот комитет на ВМРО свикал состанок. Било решено да се побара од големите сили ревизија на договорот, во спротивно се заканиле дека Организацијата ќе ја продолжи револуционерната борба за ослободување на Македонија. Делегацијата составена од професорите Љубомир Милетиќ, Иван Георгов и Александар Балабанов била овластена да ги посети владите на европските големи сили и во името на ЦК на ВМРО да ги претстави нивните барања. Уште од првите средби, делегацијата наишла на неподготвеност од владите за ревизија на Букурешкиот договор. ЦК на ВМРО решил да се пристапи кон подготовка на востание во Битолско, Охридско и Дебарско. Во исто време Протогеров водел разговори со Албанскиот револуционерен комитет за заеднички дејствија против српската власт во Македонија.

Фестивали:

Меѓународен фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, Битола, Македонија, 2015

Продуцентски куќи:
Тринити Плус Продукција
Карл Хрон 61
1000, Скопје, Македонија
lupevska@yahoo.com