Златна Петорка

Година на објавување:
2016
Времетраење:
85'
Режисер:
Горан Тренчовски
Продуцент:
Дејан Милошевски
Монтажа:
Андрија Зафрановиќ
Сценарио:
Елеонора Венинова, Горан Тренчовски, Билјана Гарванлиева
Директор на Фотографија:
Апостол Трпески
Музика:
Дарко Спасовски
Главни Улоги:
Славко Штимац, Петар Арсовски, јана Стојановска, Александар Ристоски, Игор Ангелов
Кратка содржина:
Ова е игран филм за визиите и ретроспекциите на пет невини студенти кои монструозно исчезнаа во вителот на една од најапсурдните комунистички ликвидации на југот од Балканот во 1951-та. Сведоците и најблиските уште ја чуваат тајната за чистотата и за евроатлантската ориентираност на нивните "златни" млади души, додека модерното време на новиот милениум промовира некои нови ликови со сомнителни квалитети. Сеќавањата за идеалот и правичноста на "невината петорка" побудуваат низа секвенци со драматични и интимистички настани кои ја артикулираат состојбата на прогресивниот дух наспроти ерозијата на моралните вредности. Но духовното помирување и современата голгота не се секогаш единствената замена за казната поради пролеаната крв. Децениското проклетство од грешката за направениот злостор, најпосле раѓа нови љубови, нови предизвици. Генерациите зацртале нови патеки за изодување... Сѐ додека не се дојде до филмската вистина.
Продуцентски куќи:
Револутион ДООЕЛ
АСНОМ 24-3/4
1000 Скопје, 
Р. Македонија
Тел: +38970276394
Факс: + 389 2 6155492
revolutionmkd@gmail.com
www.revolutionmkd.com