ТАТ - транзициска еуфорија или национална измама

Оригинален формат:
HD 720p 50 fps
Година на објавување:
2014
Времетраење:
47' 56''
Режисер:
Сашо Миленковски
Продуцент:
Офелија Новаковиќ
Монтажа:
Јовица Пауновски
Сценарио:
Петар Атанасовски
Директор на Фотографија:
Дејан Младеновиќ
Музика:
Сашо Миленковски
Кратка содржина:
Проектот е документарен филм поврзан со една од најголемите банкарски афери кои финансиски ја потресоа не само Битола, каде се случи аферата “ТАТ”, туку и голем број на штедачи од Македонија, а еден дел и од странство. Во обидот голем број штедачи да си ги повратат веќе изгубените пари во пирамидалното штедење, се случија многу лични и семејни драми. Ги имаше и со смртни последици, самоубиства и убиства поради нерасчистени кредитно-должнички сметки. Она што е најтрагичното, сеуште последиците „се лечат“, со показ дека тие никогаш не може да се надминат. Сите овие ќе бидат условно темата на приказната на овој документарен филм. „Oживувањето“ на оваа тема е во услови кога многу живи сведоци отворено зборуваат што се случило во ТАТ, кои биле главните „актери во филмот“. Некои од „живите“ актери сами даваат свои изјави, што е реткост во документаристиката, документираното да биде потврдено со сведоците од настанот. Впрочем тоа е и една од целите на филмот. На виделина да излезе вистината за ТАТ, која до денес нема доживеано таква привилегија.

Фестивали:

Меѓународен фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, Битола. Македонија, 2015

Продуцентски куќи:
Видео Мозаик
Ул.1 бб- Трново
7000 Битола, 
Р. Македонија
nine_p_1999@yahoo.com