Македонски Филмови Фестивали Фестивали во Македонија Фестивали на Македонски Филм Интернационални Фестивали Категоризација на Филмски Фестивали Учество на македонски филмови на интернационални филмски фестивали Финансирање Конкурси Филмски проекти финансирани од страна на Агенцијата за филм Поттикнување на вложувања средства во филмски, односно телевизиски проект Брошура Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2015 - 2016) Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2014 -2015) Проекти реализирани во соработка со Агенцијата за филм EAVE Producers Workshop 2015 Џифони Македонија Џифони патува Европски филмски ден за млада публика Меѓународна соработка Членство во меѓународни организации Контакти од Продуцентски куќи Филмографии на Македонски Режисери Правна регулатива Јавни Набавки Корисни линкови Трејлери од Македонски филмови Каталози на Македонски филмови

Македонски Филмови

Напомена: Категорија Година се внесува исклучиво за завршени филмски проекти
Режисер:
Марко Набершник
Категорија:
Играни
Фаза:
Пост Продукција
Борис работи како електротехничар и е во брак со Весна. Весна е невработена. Финансиските проблеми ја нагризуваат и стабилноста на самото семејство. Потребната страст и разбирање меѓу Весна и Борис полека бледнеат. Синот на нивните соседи, Игор, работи како референт за продажба во компанијата Космика. Борис се запознава со филозофијата на компанијата Космика. Станува заинтересиран, посебно штом согледува дека тоа е начин Весна да заработи додека е невработена. Меѓутоа се случува токму спротивното. Весна не е загреана за ваквата идеја, а пак Борис го понесува ентузијазам. Резултат на ова се бројни кавги меѓу Весна и Борис, со кои се оддалечуваат еден од друг. Притоа, се зближува со Игор, кој се обидува да го наговори да го смени и начинот на живот.
Режисер:
Катерина Бенинова
Категорија:
Документарни
Фаза:
Пред Продукција
Животот во градовите низ вековите се менува, менувајќи го и ликот на градот, неговата урбанистичка и архитектонска слика. Луѓето кои живеат во градовите се патници на времето кои зад себе оставаат традиција како некаков одраз на нивното постоење. Човештвото се темели на историја, историја која ја потврдува нашата улога во овој безвременски простор. Цареви кули како локалитет го потврдуваат живеењето на една цивилизација дури и 5 векови п.н.е, покажувајки ни дека опстанокот на истата се темели на користење на основните елементи на живот, како што е СОНЦЕТО.
Режисер:
Категорија:
Играни
Фаза:
Продукција
Реквием за госпоѓа Ј обработува актуелна, универзална тема што произлегува од севкупната материјална и емотивна криза која владее во светот, а најмногу во сиромашните земји. Приказната ги следи животите на четири жени кои припаѓаат на различни генерации: мајка, нејзините две ќерки и свекрва. Главниот лик, Госпоѓа Ј, откако останува без работа и пензија, бара начин материјално да го обезбеди своето семејство. Постарата ќерка крие дека е трудна, помладата ќерка влегува во бурен пубертет, а свекрвата само молчи и не комуницира со никој. На еден поинаков начин, преку црн хумор, овој филм се обидува да зборува за сериозни теми од животот во транзиција.
Режисер:
Едмонд Будина
Категорија:
Играни
Фаза:
Пост Продукција
18-годишното затворско јадосување не е ништо во споредба со неблагодарноста покажана од најблиските и најдрагите лица, кои трансформирани од трката за профит заборавиле дека разорувањето на душата и уништувањето на околината е самоуништување, пред се'.
Режисер:
Кујтим Гонај
Категорија:
Документарни
Фаза:
Пред Продукција