„Панкот не е мртов“ во Лос Анџелес

21/10/2011

„Панкот не е мртов“ во режија на Владимир Блажевски, во трката за Оскар ќе се прикажува пред дистрибутерите и меѓународните купувачи, но и пред членовите на Американската филмска академија. 
Филмот на Блажевски е меѓу дванаесет кандидати за номинација за Оскар за филм од неанглиско говорно подрачје, кои ќе имаат специјални проекции во Лос Анџелес. Проекциите ќе се одвиваат во период од 2-ри до 9-ти ноември во рамките на Американскиот филмски маркет. Организатор на претставувањето е "European Film Promotion". Целта на ова прикажување е за да им се даде максимален публицитет на филмските наслови и да се создаде простор за американска дистрибуција на филмовите. Важноста на проекциите ја потврдува фактот што минатата година два филма влегоа во претселекцијата на девет филмови за номинација за странски Оскар. 
Повеќе на: www.efp-online.com