Македонија со 12 млади во меѓународното жири на филмскиот фестивал „Џифони искуство“

18/07/2014

 

Оваа година Република Македонија, во состав на меѓународното жири на 44 Издание на најголемиот фестивал за деца и млади „Џифони искуство“ во Џифони, Италија,  ќе учестува со 12 млади:Ања Димова, Бисера Самарџиева, Леон Ристов и Дамјан Јорданов,Лина Ламбринидис, Исидора Цветковска, Мартина Величковска, Вера Покоова Дел Масчио и Анастасија Новевска, Дарио Тодоровски, Катарина Величковска и Јована Мирчевска. Оваа година Македонија со своите претставници во меѓународните жирија на фестивалот го држи рекордниот број кој е четири пати поголем од вообичаениот број од по 3 претставници од секоја земја.

     

Младите од Македонија заедно со децата од 41 земја во светот во период од 17 до 27 Јули 2014 година ќе учествуваат во работилниците и дискусиите на разновидни теми по проекциите на фестивалот, чија тема оваа година е „Биди поинавов“ (“Be different”).

Младите од Република Македонија на ова издание на фестивалот ќе имаат можност да  се запознаат и дружат со познатите светски филмски звезди меѓу кои: Giorgia Wurth, Micaela Riera, Matt Bomer (од White Colllar), Marco D'amore , Salvatore Esposito, режисерот Davide Minnella , Elena Di Cioccio , Gianluca Sportelli, Lea Michele, Isabella Ferrari, Dylan O’brien (ѕвездата на серијата Teen Wolf), актерката Claudia Gerini,  актерката и модел Margareth Madé , Richard Gere, младиот актер Robert Dancs , Francesco Arca, Alan Rickman (на кој ќе му биде врачена  наградата “Francois Truffaut за животно достигнување); Vincenzo Incenzo, Serena Autieri, Guè Pequeno, Lorella Boccia и Braccialetti Rossi  (кои ќе остварат средби со детското жири); режисерот Ferzan Ozpetek, актерката и продуцент од Унгарија Andrea Osvart, актерката Giulia Michelini, Alessia Piovan, придружувана од поранешната Мис Италија - Mirca Viola, Paolo Ruffini, Marta Gastini и многу други.

Делегацијата од Република Македонија составена од преставници од Агенцијата за филм на Република Македонија, Министерството за култура, Здружението за ширење на филмска култура Џифони М на 24 Јули 2014 година преку денот посветен на Македонија ќе ја престават и оваа година нашата земја на овој фестивал. Денот на Македонија ќе опфати богата програма како: ревија на македонски филмови, музика на Мухамед Ибраими, изложба на фотографии со убавините на Македонија и македонски производи (вино од винарија Тиквеш, ајвар и малиџано од Мамас и сирење од млекара Здравје Радово).

Воедно ќе биде оддржана и Прес конференција во склоп на овој фестивал на која ќе се зборува за веќе воспоставената успешна соработка помеѓу Италија и Македонија, како и ќе биде најавено второто издание на Филмскиот фестивал за млади “Џифони Македонија” кое ќе се одржи во првата половина на Октомври.