15 Фестивал на европски филм „Синедејс“

07/11/2016

 

15 издание на фестивалот за европски филм „Синедејс“ ќе се одржува од 10 до 19 ноември во кината „Милениум“, „Фросина“ и во Џебното кино на Младинскиот културен центар (МКЦ) – организаторот на фестивалот.

 

Фестивалот ќе биде отворен со срспкиот филм „Дневникот на машиновозачот“ во режија на Милош Радовиќ, а на 19 ноември годинашниот „Синедејс“ ќе го затвори хравтскиот „Устав на Република Хрватска“ филм на на Рајко Грлиќ во копродукција со македонската продуцентска куќа, „Револушн“ и Дејан Милошевски.

 

И оваа година ќе бидат прикажани  филмови од звучни режисерски имиња, како Херцог, Џармуш, Верховен, Кончаловски, браќата Коен, Винтерберг, Озон, Вендерс, Алмодовар, Вуди Ален…

 

Во „МК во ЕУ“ програмата ќе има три филма со копродукциско учество на Македонија , покрај „Устав на Република Хрватска“, романскиот „Сиера Невада“ на Кристи Пуиу, словенечкиот „Ноќен живот“ на Дамјан Козоле. Сите три филма, финансиски се поддржани од Агенцијата за филм.

 

Во  програмата предвидени се и  музички документарци,  кратки филмови, студентски филмови, детски синхронизирани филмови, и бројни придружни активности како работилници за стоп-анимација, драматургија и продукциски дизајн.

 

И годинава на „Синедејс“објавен е конкурс за филмска критика за филмовите на фестивалот, на кој може да учествуваат лица до 35 години. Наградите за трите најдобри филмски критики ќе ги додели тричлено жири.