Скопски Филмски Фестивал по 15ти пат

12/04/2012

 

Годинава, по 15ти пат ќе се одржи Скопскиот филмски фестивал, во традиционалниот термин од 19-27 април. Публиката ќе има можност да погледне некои од највпечатливите лански филмски остварувања кои беа селектирани на фестивалите во Венеција, Кан, Карлови Вари и Торонто.

Богатата филмска програма ќе биде поделена на гала проекции, авторски филм, главна и документарна програма. Ретроспективната програма ги вклучува филмовите „Огледало“, „Ивановото детство“ и „Андреј Рубљов“ со кои му се оддава чест на големиот руски филмски гениј Андреј Тарковски.

На програмата на 15.СФФ  се најдоа „Вознемирен“ на Гус ван Сант, новата верзија на „Џејн Ејр“ од Kари Фукунага, биографскиот филм за Едгар Хувер од режисерот Клинт Иствуд  и „Хара-Kири: Смртта на самурајот“ на Такаши Миики. Новите филмски остварувања на Џорџ Клуни, Гарет Еванс, Брус Робинсон и Мајкл Винтерботом се исто така дел од насловите кои ќе бидат прикажани  во главната фестивалска програма.

Во документарната програма меѓу другите ќе бидат прикажани „Гензбур: Херојски живот“ на Жан Сфар  како и „Марина Абрамовиќ: Уметникот е присутен“ - документиран перформанс на истоимената концептуална уметничка. Ревија на јапонски филмови и на холандски документарци ќе организира Kинотеката на Македонија, во соработка со амбасадите на двете земји.

 

Повеќе информации на официјалната веб страна на фестивалот

 

Дневник: Филмови од Ван Сант, Kлуни и од Иствуд на Скопскиот фестивал

КармаКаша: Петнаесетти Скопски филмски фестивал

ФакултетиМк: Скопски филмски фестивал - филмови за мерак

Точка: Богата програма за 15. Скопски филмски фестивал

Курир: Богата програма за 15. Скопски филмски фестивал