Прва Конференција на балкански кинематографи во Битола

12/09/2012

Градот Битола годинава ќе биде домаќин на првото издание на Конференцијата за балкански кинематографи ,   која  ќе се одржи на 20ти септември, во организација на Имаго  и со поддршка од  Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“ и „Друштвото на филмски работници во Македонија“. Конференцијата, на која се очекува да присуствуваат и делегати од јужноевропските земји, се одржува на тема „Ефектите на глобализацијата и брзиот технолошки развој врз културните политики на земјите од Југоисточна европа“ и има за цел да поттикне соработка и поголемо разбирање помеѓу десетте земји учеснички: Австрија, Албанија,  Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Македонија, Србија, Словенија и Романија.   

На конференцијата е најавено и присуството на г-дин Алан Пајпер, претставник на РЕД, организација одговорна за своевидно  револуционизирање на  насоката на современата кинематографија.

Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“,  посветен на умешноста на кинематографијата, на своето 33то издание го најавува и присуството на двајца успешни кинематографи, добитници на наградата Златна Камера 300, за кои се очекува да земат учество во Конференцијата, Кристијан Бергер, добитник на највисоката награда за кинематографија во Лос Анџелес пред две години за филмот „Белата панделка“ во режија   на  Мајкл Ханеке и Лучано Тиволи, кој е воедно инспирација за формирањето на Имаго.

 

Повеќе информации на следниов линк