20 години Скопски Филмски Фестивал

20/04/2017

 

Започнува јубилејното 20. издание на Скопје филм фестивал, кое оваа година ќе донесе исклучително богата програма и содржини, ќе бидат прикажани повеќе од 75 филмови, ќе се одржат работилници, гостувања на реномирани филмски имиња, првата македонска филмска ретроспектива на Стенли Кјубрик, а за прв пат ќе се одржи и програмата „Креираме заедно“.

Фестивалот се отвора на 20 април, во киното „Милениум“, со филмот „Реквием за госпоѓа Ј.“ на режисерот Бојан Вулетиќ, кој годинава беше дел од официјалната програма „Панорама“ на 67. Берлински филмски фестивал. Имено се работи за српско-македонско-руско-бугарско-француска копродукција, која ја раскажува прказната за службеничката Јелена, која решава да изрши самоубиство, но сфаќа  дека  ништо не е едноставно во земјата што постојано оди напред-назад меѓу мака и транзиција. На свеченото отвоврање на Скопје филм фестивал пред публиката ќе се поклонат легендарната Мирјана Карановиќ која ја игра главната улога, режисерот и сценарист Вулетиќ, како и дел од филмската екипа.  Македонски ко-продуцент на филмот е Скопје Филм Студио.

Филмовите се  распоредени во осум програми: Гала, Програма на авторски филм, Панорама на светски филм, Македонска продукција, во која публиката ќе ја види најновата македонска филмска комедија во режија на Коле Ангеловски, „Ах љубов моја“, како и неколку краткометражни филмови од најновата македонска продукција.

20. издание на Скопје филм фестивал, кое е поддржано од Агенцијата за филм на РМ, од 20 до 28 април ќе се одржува во киното „Милениум“, „Кинотека на Македонија“ и киното „Фросина“, а целосната програма може да се најде на официјалната веб страна на фестивалот.