Отворен конкурс за аплицирање на онлајн фестивалот Altcine Action

23/08/2013

Второто издание на онлајн Фестивалот на краткометражен филм altcineAction!  е иницијатива на веб страницата  altcine.com, а се одржува под покровителство на грчкото Министерство за култура и спорт.

AltcineAction!  е место кое им нуди на младите филмаџии од регионот  да ги прошират своите хоризонти натпреварувајќи се на најголемиот онлајн фестивал, воедно поддржувајќи ја филмската продукција и копродукција на Балканот преку акцентирање на надежните режисерски таленти.

Повикот за аплицирање на проекти официјално стартува на 26 август и трае до 7 септември и е отворен за сите заинтересирани режисери од Балканот под 35 години. Аплицирањето ќе се одвива онлајн, преку веб страницата altcine.com. Проектите е задолжително да имаат англиски превод, со времетраење не подолго од 15 минути.

Подетални информации во врска со процесот за аплицирање на http://www.altcineaction.com