Отворен повик за аплицирање на 8. АНИМАКС Скопје Фест

12/06/2014

Македонскиот интернационален фестивал за анимација „Анимакс Скопје Фест“ го отвори повикот за аплицирање на своето четврто издание кое ќе се одржи во ноември 2014 година. 

Филмовите треба да бидат завршени во било која анимациска техника, а со времетраење до 25 минути, не порано од 31 декември 2012 година.

Крајниот рок за аплицирање е 30 септември 2014 година.

Награди кои  ќе се доделат:

Златна Тула

Сребрена Тула

Бронзена Тула

Златна Тула за најдобар филм за деца

Новитет оваа година е воспоставувањето на наградата „Златна Тула за најдобра македонска анимација“

„Анимакс Скопје Фест“ е под покровителство на Министерството за култура и Градот Скопје, а во организација на Аурипигмент продукција од Скопје.

Апликацијата и правилникот можете да ги најдете на линковите:

http://animaxskopjefest.mk/ и http://animaxskopjefest.mk/rules.html