Отворен е конкурсот за Docu Rough Cut Boutique

11/05/2015


Sarajevo Film Festival и Balkan Documentary Center, го објавија конкурсот за пријава на проекти за петтото издание на Docu Rough Cut Boutique.

Работилницата ќе се одржи во рамките на Sarajevo Film Festival, авторите на избраните проекти ќе имаат можност да присуствуваат на индивидуални состаноци со менторите, да разменат искуства со експерти и колеги од индустријата и да остварат потенцијална соработка со партнери кои можат да имаат клучно влијание  за успешната реализација на проектите.

Пет избрани тимови, во период од четири дена ќе имаат можност да учествуваат во менторските сесии предводени од искусни професионалци од разни области на продукција на документарен филм, со цел да добијат детална анализа на материјалот кој е во фаза на груба монтажа. Преку серија од интензивни групни сесии ќе добијат пристап до дополнителни консултации со индустриските експерти и колеги и ќе се натпреваруваат за пет парични и технички награди, вклучувајќи и промоција на еден од проектите во рамките на CineLink Work in Progress. Пет проекти ќе добијат и едногодишна поддршка во вид на менторство, која ќе вклучува 3 онлајн сесии и еден состанок со ментор на некој од релевантните филмски фестивали/маркети.

Краен рок за аплицирање е 30ти јуни, 2015 година.

 

Аплицирајте ОВДЕ!