Второ издание на АНИМАКС СКОПЈЕ ФЕСТ

23/11/2012

Второто издание на “АНИМАКС СКОПЈЕ ФЕСТ”, првиот и единствен фестивал на анимиран филм во Македонија, ќе се одржи од 28-ми до 30-ти ноември 2012.
Официјалната програма ќе се прикажува во Кино Фросина, Младински Културен Центар (МКЦ) - Скопје, а во рамки на фестивалот ќе се одржат и три работилници за анимација, меѓу кои и работилница за деца и работилница за видео игри.

И оваа година програмата на фестивалот е исклучително квалитетна. На македонската публика ќе и бидат претставени најновите анимирани филмови од целиот свет, меѓу кои и годинешниот добитник на престижниот Оскар, неколку филмови – победници на фестивалот “Annecy International Animated Film Festival” од Франција, а програмата ќе биде збогатена со официјална селекција наменета за најмладите, каде самите тие – децата гледачи, ќе одлучат кој филм да биде награден.

На најдобрите остварувања ќе бидат доделени златна, сребрена и бронзена тула.

Фестивалот се организира со поддршка на Министерството за култура, Градот Скопје и Филмскиот Фонд на Македонија. Организатор на фестивалот е Аурипигмент продукција.

 

 

Повеќе информации за фестивалот, ОВДЕ

Целосната фестивалска програма можете да ја погледнете ОВДЕ