Краткометражниот „409“ вечерва премиерно во Синеплекс

17/04/2013

               

Во киното „Синеплекс“ (сала 8), вечерва во 18 часот премиерно ќе биде прикажан краткометражниот филм „409“, во сценарио и режија на Даријан Пејовски.

„409“ е приказна за човек кој поседува се што во општествена смисла значи „нормален“ или „успешен“. Но, токму овие параметри го врамуваат и го потиснуваат во агол, каде што во недостиг од емотивна сатисфакција, тој се врти кон самиот себе.

Главните улоги ги толкуваат Симеон Дамевски и Ирена Ристиќ.

Филмот „409“ е во продукција на „Марни филмс“ и „Вертиго вижуал“ и е поддржан од Филмскиот фонд