Утре започнува 5. Македокс

13/06/2014

    

5то издание на Фестивалот на креативен и документарен филм - МакеДокс започнува утре во 21 часот, со проекции во Куршумли Ан и под мотото „Природно“.

Од 380 аплицирани филмови од 65 земји, фестивалот успева да создаде богата програма од 38 извондредни остварувања, кои ќе се прикажуваат  во Куршумли ан и Младинскиот културен центар.

Како дел од богатата програма, во Куршумли ан и Кинотеката на Македонија ќе се одржува шестдневна работилница за Креативна употреба на архивски материјали во документарните филмови, под менторство на режисерката Мира Турајлиќ од Србија.

Фестивалот ќе трае до 20ти јуни.

 

Повеќе информации за фестивалот на www.makedox.mk