76 филмови и две македонски премиери на 35то издание на ИФФК „Браќа Манаки“

02/09/2014

Денес на прес конференцијата која се одржа во „Сити хол“ беше објавена целосната програма на 35-тото јубилејно издание на фестивалот за филмска камера „Браќа Манаки“. Во програмата на фестивалот која опфаќа осум програмски целини ќе се прикажат 76 филмови, од кои 20 се македонски проекти или филмски копродукции во кои учествува и Република Македонија.

На прес конференцијата беа најавени и премиерите на новите долгометражни играни филмови:

„До Балчак“, во режија на Столе Попов, кој ќе биде прикажан на 14 септември од 20 часот  и 

„Деца на сонцето“,  во режија на Антонио Митриќески, кој ќе биде прикажан на свеченото затворање на 19 септември од 20 часот

Освен долгометражните македонски  филмови на овогодинешното издание на фестивалот ќе се прикажат и македонски документарни и кратки филмови како дел од програмата „Македонска панорама“, додека во официјалната програма за кракок филм ќе се прикаже последниот филм на Сенад Абдули, „Убаво време за умирање“. 


Целосната фестивалска програма можете да ја најдете на следниот  линк.