8. Француски филмски фестивал започнува утре

16/06/2015

Денес во просториите на Агенција за филм на Р. Македонија со почеток во 11 часот се одржа прес-конференција на која беше најавено 8то издание на Францускиот филмски фестивал, што ќе се одржи во период од 17-20 јуни во Скопје и Охрид.

Фестивалот го најавија Н.Е. г-ѓа Лоранс Оер, Амбасадор на Франција во Македонија, г-ѓа Елизабета Канческа-Милевска, Министер за култура на Р. Македонија и г. Дарко Башески, в.д. директор на Агенција за филм на Р. Македонија. Оваа година фестивалот ќе понуди интересни гости и квалитетна програма исполнета со проекции на филмови, работилници, музичка вечер на францускиот оркестар F.A.M.E.S  и за првпат годинава натпревар „Моето прво минивидео“.Проекциите ќе бидат во кино Милениум и Фросина и Кинотеката на Македонија, а фестивалот ќе биде затворен со проекции во Центарот за култура во Охрид и киното Милениум во Скопје.

Со цел продлабочување на културните врски и соработката помеѓу двете земји, наскоро ќе биде потпишан и билатерален договор за копродукции помеѓу Македонија и Франција, што ќе овозможи подиректна копродукциска соработка помеѓу македонските и француските копродуценти со што ќе се олесни користењето на поволностите кои ги нуди нашата законска регулатива во филмската дејност.